Ново истражување откри

Оштетување на мозокот и стареење: Што друго им се случува на астронаутите во вселената?

Престојот на астронаутите во вселената може да го оштети нивниот мозок, покажаа најновите резултати од новото истражување чија цел е да даде одговор на прашањата за долгорочните ризици од идните вселенски патувања.

Крвните тестови на вселенските патници укажуваат на благо, но трајно оштетување на мозокот и негово побрзо стареење по нивното враќање на Земјата, тврдат научници од минхенскиот универзитет ЛМУ. Студијата за тоа е објавена во Jama Neurology.

Истражувањето е спроведено само неколку дена пред актерот Вилијам Шатнер да стане еден од низата непрофесионални астронаут кои отпатуваа во вселената, а воедно и највозрасниот вселенски турист.

Иако вселенскиот туризам ќе стане луксузен бизнис наменет за богаташите, сепак научниците имаат предупредување за потенцијално оштетување на мозокот кога станува збор подолг престој во вселената, но не и на неколку минути колку што во бестежинска состојба минуваа корисниците на новите вселенски компании како Blue Origin со која отпатува и Шатнер.

Истражувачите веруваат дека една од можните причини за оштетување на мозокот во текот на патување во вселената е токму бестежинската состојба која пречи на протокот на крв од подрачјето на главата, а за што се верува дека со текот на времето резултира со зголемување на притисокот во цереброспиналната течност.

И претходните студии покажаа дека подлабоките патувања во вселената не само што влијаат на намалување на мускулната маса и коските, туку и на мозочни промени кај астронаутите, но не се знаеше дали тој процес е штетен.

За да го дознаат тоа, доктори од ЛМУ во соработка со шведски и руски колеги ја проучуваа крвта на петмина руски космонаути кои на Меѓународната вселенска станица минале пет и пол месеци.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе