Оскари 2018: Триумф на филмот „Shape of Water“

Филмот „Shape of Water“, во режија на Мексиканецот Гилермо дел Торо, е голем победник на 90 доделување на Оскари, од страна на американската Академија за филмски уметности и науки, одржанo изминатата ноќ во Лос Анџелес.

Романсата меѓу нема девојка и половина човек, половина речно суштество, беше фаворит на вечерта со најмногу, вкупно 13 номинации, од кои освои четири, вклучувајќи го и Оскарот за најдобра режија.

Со тоа Дел Торо стана третиот мексикански режисер кој освоил награда во таа категорија. Актерот Гери Олдман освои Оскарот за најдобар актер во остварувањето „Darkest Hour“. Како уште еден од фаворитите, со осум номинации, овој филм на Кристофер Нолан освои три Оскари.

Оскарот за најдобра актерка го доби Френсис Мекдорманд, за улогата во филмот „Three Billboards Outside Ebbing, Missouri“ додека наградата за најдобра машка споредна улога во истиот филм му беше доделена на Сем Роквел.

Најдобра женска споредна улога оствари актерката Алисон Џејни, во филмот „I, Tonya“.

Оскар за најдобро оригинално сценарио освои Џордан Пил за филмот „Get Out“, и со тоа стана првиот афроамерикански режисер кој ја добил оваа награда.

Режисерот Џејмс Ајвори, во својата 89 година, беше најстариот добитник на овогодинешното доделување. Тој освои Оскар за адаптираното сценарио за филмот „Call me by your name“.

Францускиот композитор Александар Депла го освои својот втор Оскар, за музиката во филмот „Shape of Water“.

Оскарот за најдобар странски филм му припадна на чилеанското остварување „A fantastic woman“, а за најдобар документарен филм статуетка доби „Icarus“, приказната околу допингот во спортот на авторот Брајан Фогел.

Домаќин на церемонијата на доделувањето на Оскари, втора година по ред, беше познатиот телевизиски водител и комичар Џими Кимел, кој ја отвори церемонијата со свој монолог, кој речиси во потполност беше посветен на сексуалниот скандал со холивудскиот продуцент Харви Вајнстин.

Овогодинешното доделување на Оскари за прв пат беше одржано без Харви Вајнстин, кого американската филмска академија, откако околу 100 жени го обовинија за сексуално злоставување, го исклучи од членството.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Филм & ТВ

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе