Ослиќ најчесто се јаде за време на пости, но треба почесто да го внесуваме во секојдневните менија - богат е со минерали и витамини и е одличен за луѓето кои сакаат да ослабат.
Достапна и евтина храна е, а лесно се подготвува - со малку сол, маслиново масло и зеленчук, за кратко време имаме здрав и избалансиран оброк.
Оваа морска риба е исклучително популарна низ целиот свет - и поради благиот вкус, чие месо лесно се одвојува од коските, и поради високата содржина на протеини и ниската калориска вредност.
Ослиќот може да помогне во нормализирање на хипертензијата, зајакнување на крвните садови и работа на срцевиот мускул. Неговото редовно консумирање значително го подобрува изгледот на косата, ноктите, кожата и мукозните мембрани. Фолната киселина, која може да се најде и во филетите на оваа риба, ја стимулира активноста на мозокот.

Витамините од групата Б, кои се наоѓаат во месото од ослиќ, ја нормализираат работата на нервниот систем, го намалуваат деструктивниот ефект на стресот врз телото и го подобруваат сонот. Витамините А, Е и другите антиоксиданси ги неутрализираат штетните ефекти на слободните радикали, го забавуваат стареењето на ткивата и го минимизираат ризикот од развој на рак.
Во една порција од 100 грама ослиќ содржи само 90 калории, што го прави идеална храна за луѓето кои сакаат да ослабат. За споредба, парче свинско месо со таа тежина има околу 260 калории. Тој е добар извор на селен - овој микронутриент е од витално значење за силен имунолошки систем.
Богат е и со магнезиум, кој игра важна улога во правилното функционирање на мускулите и нервите. Исто така, порција од 100 грама ослиќ обезбедува околу 18 грама протеини, што е околу 15 проценти од препорачаната дневна вредност.
Пржениот и похуваниот ослиќ во големи количини не е добар, бидејќи доведува до дебелеење. Честото консумирање на оваа риба доведува до хроничен запек.

Месото од ослиќ може да предизвика алергиски реакции во форма на осип на кожата, чешање или анафилактичен шок. Затоа, кај луѓе на кои претходно им била дијагностицирана нетолеранција кон риба или морски плодови, ослиќот треба целосно да се исклучи од исхраната.