Тулуз, 23 март 2018 (МИА) – Ослободени се заложниците од супермаркет во градот Треб во јужна Франција. Во објектот останал само човекот кој го извршил нападот и еден полицаец, јавија локални медиуми цитирајќи го градоначалникот.
АФП јави дека најмалку две лица се убиени во нападот.
Првично беше објавено за осуммина заложници.
Претходно, маж кој тврди дека е од ИД зеде заложници во супермаркет во Треб.
Францускиот премиер Едуар Филип ја овкалификува ситуацијата како „сериозна“. Кон градот се упатил и министерот за внатрешни работи Жерар Колон.