Османи: Како аспиранти за членство во ЕУ мора да имаме успешен концепт за интеграцијата на Ромите

Ромите се интегрален дел од нашите општества. Без никакви изговори мора да преземеме конкретни политички и правни мерки за што поголема нивна вклученост во сите општествени збиднувања. ЕУ интеграцијата е заеднички пат и Ромите не смеат да бидат оставени настрана. Како земји аспиранти за членство во ЕУ мора да демонстрираме успешен регионален концепт за интеграцијата на Ромите со видлив напредок во областите на образование, вработување, здравство и домување кај Ромите, рече денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи кој во улога на копретседавач со Берлинскиот процес имаше воведно обраќање на министерскиот состанок посветен на интеграцијата на Ромите.

Мнистерскиот состанок се одржа во дигитална форма, а домаќин беше Тирана. Со воведни обраќања го поздравија еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама.

Министерот Османи потсети дека минатата година, на иницијатива на Северна Македонија беше донесена Декларацијата на земјите од Западен Балкан за интеграција на Ромите во рамки на процесот на проширување кон ЕУ.

– Ме прави особено горд фактот што една година подоцна, во рамки на нашето заедничко претседателство со Бугарија со Берлинскиот процес правиме пресек на постигнатите резултати од имплементацијата на оваа Декларација и ги дискутираме натамошните активности, нагласи Османи.

Заклучоците од состанокот е предвидено да се вклучат во завршните документи на Самитот на Берлинскиот процес што ќе се одржи на 10 ноември во Софија.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе