Османи: Проектот на ДУИ за Албанец премиер е натпартиска идеја

Скопје, 8 јуни 2020 (МИА) – Проектот за Албанец премиер не е ад хок идеја на ДУИ, туку важно парче од мозаикот на стартегијата на ДУИ за постигнување на целосна еднаквост, и треба да се заврши со рушење на последното табу, последното место на отпор за другите заедници да бидат позиционирани, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

-Во оваа држава сите сме едкакви, секој има право да биде избран и да избира. И од тука идејата е да се избере првиот премиер Албанец, премиер на еднаквоста кој што ќе ги сруши сите стереотипи и табуа дека во оваа држава сѐ уште постојат места каде Албанците не можат да пристапат, рече Османи.

Тој посочи дека ова било најавено уште во 2009 на конгресот на партијата кога Али Ахмети спомнал 12 позиции во државата кои се недопирливи за Албанците меѓу кои и Народниот правобранител, Претседателот на Собранието, Премиерот на државата, Претседателот на државата.

-Сите во овој период се остварија. Имавме и министер за одбрана Албанец, и претседател на Врховен суд и претседател на Собрание. Така што логичен след дека сега е време да се руши и  последното место на отпор кон предрасудите дека етнички монопол кон која било позиција во Владата. Ова е моментот, Албанците тоа го чувствуваат и се мобилизираат масовно. Оваа идеја не е партиска туку натпартиска идеја и проект, и очекуваме поддршка од сите, рече Османи запрашан дали идејата за Албанец премиер не е популизам.

Тој очекува за оваа идеја поддршка не само од албанските граѓани и албанските политички партии и организации, туку, вели, и од македонските граѓани и партии кои не сакаат да ја видат државата како место каде сѐ уште постојат  предрасуди и етнички монопол. Смета дека свеста за тоа расте и кај македонската заедница, бидејќи, вели, сите добија со именувањето на Албанец за претседател на Собранието, за министер за внатрешни работи, министер за одбарна, претседател на Врховен суд.

-Ова е процес за кој секогаш на почетокот се изразуваат дилеми, се отфрла. Ист ваков отпор имавме за секој наш проект, исто вакво одбивање имавме и од страна на некои албански политички партии, но на крај излезе дека оваа држаца само стана посилна, посплотена и поунифицира со сите рушења овие предрасуди и помопол, рече Османи.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе