Османи: Северна Македонија ги исполни сите критериуми, дури и ги надмина за почеток на преговори со ЕУ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави оти не мисли дека Република Северна Македонија и Албанија ќе бидат раздвоени на патот кон ЕУ, оти тоа е погрешна дебата, како и дека не треба да се откажеме од можноста да се одржи меѓувладината конференција во јуни и да почнеме со разговори и со евентуална техничка Влада во Бугарија за да се изнајде техничко решение за што веќе има политичка одлука.

– Прво, мислам дека погрешна е дебатата што се насочува во јавноста. Ова не е прашање дали Албанија ќе ги почне преговорите или не, тоа е прашање на Албанија. Ние го поставуваме прашањето дали ние треба да ги почнеме преговорите, сметајќи дека сме ги исполниле сите критериуми, дури и сме ги надминале, во поглед на политичките, во поглед на економските и во поглед на транспонирањето на европското законодавство. И затоа во мојот говор реков дека овој ѕид за започнување на преговори не само што стана симбол на нашите европски аспирации, стана тест на кредибилитетот на ЕУ, изјави денеска Османи по настанот организиран во пресрет на Денот на Европа.

Очите на јавноста во регионот, на нашите граѓани, како што потенцираше, се на овој тест, на овој ѕид пред којшто е ставена Република Северна Македонија.

– Ние ќе продолжиме да работиме за започнување преговори, да ја искористиме шансата во јуни која се нуди пред нас. Мислам дека дебатата за одвојување е погрешна, малите држави треба да се засновуваат на принципи и вредности, а не на тактики и на стратегии, рече Османи.

Потенцираше дека не сака да биде политичар кој во октомври трча и моли за раздвојување, а денеска моли да не се одвојуваме.

– Бидејќи не се држиме на принципите тогаш не можеме да морализираме зошто ЕУ не се држи на принципите во нашиот однос со Бугарија. И тогаш и сега сметам дека овој процес треба да се засновува на стриктни критериуми на исполнетост на условите. Република Северна Македонија ги исполни условите и испорача, на ред е ЕУ да испорача, рече Османи.

Во однос на стратегијата кон Бугарија, министерот за надворешни работи кажа дека нивна оценка било дека најширок прозорец со можност е јунско-јулските самити и тие очекувања биле дека со завршување на изборите во Бугарија ќе се формираат брзо институциите, ќе се ангажираме во суштински дијалог со нив со цел да се најде решение коешто потоа ќе доведе до консензус во преговарачката рамка.

– Но, очеигледно таму се оди на техничка Влада и на предвремени избори. Меѓутоа, одлуката за првата меѓувладина конференција е техничка одлука бидејќи политичката одлука за почеток на преговори беше донесена во март минатата година, рече Османи, потенцирајќи дека треба да следи само техничка одлука за почеток на преговори.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Read more

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more
 

Вести

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе