Османи: Треба да се бориме против лажните вести за граѓаните да сфатат дека вирусот постои

Вицепремиерот за европски прашања и шеф на владиниот кризен штаб Бујар Османи во интервју за телевизијата „Телма“ истакна дека колективните рестриктивни мерки не можат да бидат посилни од индивидуалната свест на граѓаните и оти е потребно спротивставување на лажните вести и теориите на заговор, за луѓето да ја увидат опасноста на вирусот а не да веруваат дека тој не постои.

– Јас, како политичар, не би контрирал на ставовите на Комисија за заразни болести во однос на рестриктивните мерки. Но, лично сметам дека колективните рестриктивни мерки не можат да бидат посилни од индивидуалните мерки за заштита. Не може на ниту еден начин да се наметне личната хигиена, држењето дистанца и носењето маска. Треба да се работи на подигнување на индивидуалната свест дека секој треба да си го штити својот праг за да не влезе вирусот во неговиот дом, истакна Османи, кој рече дека во моментов е многу важна борбата против лажните вести, кои се обидуваат да ја злоупотребат психичката фрагилност на луѓето за да наметнат конспиративни теории.

Според Османи, зголемениот број на новозаразени е вознемирувачки и загрижувачки. Но, како што рече, олеснителна околност е тоа што се познати кластерите, што овозможува подобро менаџирање, тестирање и контролирање на вирусот.

Тој истакна дека поголемиот дел од граѓаните ја сфатиле сериозноста на ситуацијата и ги почитувале владините мерки, но проблем се оние кои тоа не го сториле.

– Доколку некој не верува дека маската го штити, тој ќе ја носи само кога ќе види полицаец, потоа ќе ја извади. Не може полицаец да ја чува секоја врата и да го чува секој човек, вели Османи, кој смета сите заедно во Владата, која е составена од неколку партии, треба заедно да работат за да се надмине епидемиолошката криза и оти е рано да се утврдува одговорноста за зголемување на бројот на новозаразени, бидејќи, како што рече, за тоа е потребна издржана анализа, а не шпекулации.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Македонија

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Read more
 

Вести

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе