Османи: Во рамката ќе стои македонски јазик и тој станува официјален во ЕУ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на брифинг со новинари изјави дека прашањето на македонскиот јазик е решено и дека треба да се „демонтираат“ сите лаги поврзани со него. Османи тврди дека во рамката што треба да биде потпишана со Европската унија ќе стои дека Северна Македонија ќе го преведе законодавството на македонски јазик исто како и во рамките на други земји. Својот став Бугарија ќе го искаже во изјава која ќе влезе во записникот, а според него, таа ќе биде изјавата што беше срочена во рамки на Португалскиот предлог.

-Ги убедивме 26-земји членки да ја прифатат нашата верзија со дозвола на Бугарија, рече Османи.

Бугарија, како што тврди, ќе го искаже во изјава согласно Португалскиот предлог односно дека македонскиот јазик не постоел до 1945 година и дека бил еден од нивните дијалекти. Северна Македонија, вели Османи, во записникот ќе има исто така изјава.

Министерот за надворешни работи вели дека и вчера, но и денеска сака да ја демонтира „логиката дека треба да останеме блокирани за да не не блокираат во иднина, која што е на некој начин нелогична фраза сама по себе и граматички, но и суштински. Бидејќи од стравот да не не блокираат да останеме блокирани, тоа е за мене ирационално и штетно“. 

Ирационално и штетно е да се тврди и дека ќе има смена на идентитет, бугаризација… Напротив, вели шефот на дипломатијата, се затвора еднаш засекогаш прашањето за јазикот, кој беше оспруван од некои во ЕУ.

Османи на брифингот со новинарите објасни како се одвивале разговорите односно што и зошто така стои во рамката, појаснувајќи дека таа се усвојува истиот ден кога ние ќе кажеме „да“ за пакетот.

-И тука се затвора Уставот на преговарачкиот процес. Тоа е документот којшто нас не врзува веќе со ЕУ. Во таа рамка пишува чист македонски јазик без никакви додавки и од тој момент станува официјален јазик на ЕУ во преговарачкиот процес, а потоа со членството во ЕУ, потенцира Османи.

Наведе дека Бугарија сакала да го нема тој параграф воопшто и оти се повикувале на црногорскиот модел.

-Во овој устав вели: „Северна Македонија ќе обезбеди превод на европското законодавство на македонски во текот на преговарачкиот процес“. Земете ја српската рамка – е истиот параграф. Сега Република Србија ќе обезбеди превод на европското законодавство на српски јазик. Земете ја албанската,  земете ја црногорската, апсолутно иста формулација за јазикот. Ако ова не е најголемата победа во процесот, ако ова некој го смета како еден спореден ефект затворање засекогаш на прашањето на јазикот после ОН сега и ЕУ никогаш, никаде нема да има спор по однос на јазикот. И сега со завршените други прашања тука се завршува прашањата на јазички, идентитетски – се завршува во рамката, рече Османи.

Министерот потенцира дека за јазикот сите шпекулации дека има фуснота, сите шпекулации дека има какви било квалификации во рамката, се неточни и лажни.

-Да, има еднострана изјава на Бугарија, но не во рамката, туку во записникот. Сметајте како ова да е состанок во којшто ја усвојуваме рамката, некој тука ќе каже да, ама јас имам мислење. Записничарот вика кажа вакво мислење, но тоа не влегува во документот, не влегува во заклучоците. Едноставно записничарот пишува дека некој кажал нешто и тоа еднаш и никогаш повеќе. Тоа е португалскиот предлог – нема никакви правни импликации по употребата на јазикот, кон интерпретација на јазикот. Можам најодговорно под целосна одговорност да кажам дека ова е чисто прашање и сите коментари по однос на јазикот се лажни, манипулативни од суета, од непознавање и сите други можни аргументи, но вистината е ова – во рамката се официјализира македонскиот јазик како таков и влегува дел од 25-те европски јазици, рече Османи.

Според него, лага е исто така дека билатералните прашања односно дека историските прашања влегуваат сега во рамката, зашто тие биле скогаш дел од рамката. Тој ги според германскиот и сегашниот предлог. Османи вели дека Уставот ќе биде отворен, но откако ќе помине првата меѓународна конференција и оти во него ќе влезат Црногорците, Хрватите и Бугарите.

-Добиваме историска рамка да ги почнеме преговорите утре, задутре кога сакаме ние, да почнат да доаѓаат фондови, да смениме курс на државата, рече Османи.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Македонија

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Read more

Дел од неколку скопски населби без струја

Read more

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Read more

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Read more
 

Вести

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Читај повеќе

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Читај повеќе

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Читај повеќе

Дел од неколку скопски населби без струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит

Читај повеќе

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Читај повеќе

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Читај повеќе