Основачите на Instagram ја напуштаат компанијата

Двајцата основачи на Instagram, Кевин Систром и Мајк Кригер, најавија дека ја напуштаат компанијата која во моментов е во сопственост на Facebook. Тие рекоа дека си заминуваат од компанијата за одново да се посветат на креативноста и да ја тестираат нивната љубопитност.

Систром и Кригер не открија зошто си заминуваат од позициите на извршен директор и технички директор на Instagram, но одредени медиуми шпекулираат дека тие ја напуштаат компанијата поради тензиите со основачот на Facebook, Марк Закерберг.

Bloomberg пишува дека двајцата основачи ја напуштаат работата во компанијата-социјална мрежа поради постојаните несогласувања и растечки тензии околу насоката во која оди Instagram откако во 2012 година компанијата беше купена од страна на Facebook.

„Најпрво малку ќе одмориме од работа, па потоа одново ќе се посветиме на креативноста по која сме познати. Сакаме повторно да ја тестираме нашата љубопитност, овојпат можеби и во некоја друга гранка. Благодарни сме за изминатите осум години во Instagram и шестте години заедно со екипата на Facebook“, рече Кевин Систром.

Дуото ќе си замине од компанијата набрзо, а остатокот од раководството беше известен за нивото заминување уште вчера.

Instagram има повеќе од 1 милијарда активни корисници секој месец, а нивниот број вртоглаво се зголеми откако компанијата реши да воведе нови карактеристики на апликацијата, како текстуални пораки, кратки видеа и Live преноси.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Интернет

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Read more

Закерберг му ја украде големата идеја на Маск

Read more

Како да добиете попрецизни резултати кога пребарувате со Google?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Поради бројни повреди Јапонија официјално го затвори некогаш најбрзиот ролеркостер во светот

Читај повеќе

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе