Основачот на Twitter ќе донира милијарда долари за борбата со COVID-19

Основачот и сопственик на Twitter, Џек Дорси најави дека ќе донира милијарда долари за борбата против пандемијата на COVID-19.

Дорси на Twitter објасни дека оваа сума претставува 28% од неговото богатство, а за да обезбеди милијарда долари постепено ќе ги продава акциите на неговата втора компанија Square, специјализирана за дигитално плаќање.

Парите ќе бидат насочени како донации преку фондацијата Start Small.

По пандемијата парите ќе бидат насочени за здравјето и образованието на дeвoјчињата како и за универзални приходи, наведе Дорси чие богатство Forbes го оцени на 3,3 милијарди долари и додаде дека во овие две области гледа потенцијални решенија за проблемите со кои светот се соочува.

Универзалниот приход е нов инструмент на социјална политика кој подразбира сите жители на некоја земја да добијат одредена сума пари, без оглед на нивната имотна состојба.

„Зошто сега? Бидејќи потребите се итни и сакам да ги видам ефектите во текот на мојот живот. Се надевам дека ова ќе ги инспирира и другите. Животот е премногу краток, правиме сè што можеме за сега да им помогнеме на луѓето“, порача Дорси.

Основачот на Facebook, Марк Закерберг и неговата сопруга Присила Чен донираа 30 милиони долари за истражување за лекување од коронавирусот.

Шефот на Amazon, Џеф Безос донираше 100 милиони долари за сиромашните луѓе во САД, а шефот на Apple, Тим Кук во март објави дека ќе донира медицинска опрема за Италија, која е најсилно погодена европска земја од вирусот, пренесе BBC.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Интернет

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Read more

Закерберг му ја украде големата идеја на Маск

Read more

Како да добиете попрецизни резултати кога пребарувате со Google?

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе