Основен кривичен суд: Недолично и недозволено однесување на дел од бранителите во „Монструм“

Судот се соочи со недолично и недозволено однесување на дел од бранителите во постапката за предметот со КОК бр. 66/17 познат како „Монструм“ кое единствено оди на штета на обвинетите и оштетените во предметотот, откако без дозвола од судот и било какво оправдување ја напуштија судницата во текот на денешното рочиште, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Од Судот информираат дека за денешното однесување на адвокатите донесени се решенија со кое ги казнува согласно член 75 ст.1 ЗКП и за истото ќе ја извести и Адвокатската комора на РСМ.

Откако до судот, се вели во соопштението, беше доставено решение со кое е утврдено дека бранителот Асмир Алиспахиќ е позитивен на COVID-19, а на сите расправи насоречни во претходните 40 дена беше отсутен од други причини, судот му предложи на адвокатот Насер Рауфи, кој нема спротиставена одбрана со дргите бранители да го замени отсутниот колега – адвокат, но, тоа било одбиено.

– Дополнително беше предложено, доколку расправата се одложи, на следната расправа судењето формално да почне од почеток, заради проток од 60 дена, само со читање на досега изведените докази, но и тој предлог наиде на несогласување и адвокатите без дозвола од судот и било какво оправдување, ја напуштија судницата, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Заради целисходност на постапката, доследно почтитување на начелото за судење во разумен рок, заштита на правата на оштетните и на обвинетите на кои им е определна мерка притвор и други мерки за обезбедување присуство, но пред се заради сензибилноста и комплексноста на предметот и барање на правда, Судот, се вели во соопштението, донесе решенија со кои на сите обвинети, за денешната расправа им се опредлуваат бранители по службена должност, со цел судењето да продолжи без непотребни одолговлекувања.

– Судењето продолжи само со читање на еден материјален доказ – известување за изработен вешт наод и мислење, а расправата ќе продолжи на 24 декември. Ја информираме јавноста дека во услови на пандемија судот ги прави сите напори за континуитет на конкретниот судски процес и редовно и транспаретно известување на јавноста, а за денешното однесување на адвокатите судот донесе решениа со кое ги казнува согласно член 75 ст.1 ЗКП и за истото ќе ја извести и Адвокатската комора на РСМ, се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Во предметот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковско Езеро што се случи на 12 април 2012 година обвинети се  Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Африм Исмаиловиќ, Алил Демири, Хаки Азири и Сами Љута. Африм Исмаиловиќ и Алил Демири се во бегство во Косово и досега не се екстрадирани.

Петмината беа осудени на доживотен затвор, но Врховниот суд во декември 2017 година ја укина пресудата, а случајот „Монструм“ потоа го презеде СЈО и судењето почна од почеток.

Во петкратното убиство кај Смилковското Езеро настрадаа четири момчиња: Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски и Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Македонија

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Read more

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Read more
 

Вести

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Читај повеќе

Уапсен 26-годишник, се обидел да силува 68-годишна жена

Читај повеќе

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Читај повеќе
  • play_arrow

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Читај повеќе

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Читај повеќе
  • filter

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Читај повеќе

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Читај повеќе

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Читај повеќе

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе