Основната каматна стапка останува на ниво од 2,5%

Основната каматна стапка останува непроменета на ниво од 2,5%, а понудата на благајничките записи исто така останува непроменета и изнесува 10 милијарди денари, информира денеска Народната банка.

– При носењето на ваквата одлука беа земени предвид неколку клучни фактори, пред сѐ, досега преземените чекори за нормализирање на монетарната политика, како и последните движења кај инфлацијата и на девизниот пазар. На девизниот пазар се забележува значајно стабилизирање во последниот период, а Народната банка интервенира со откуп на девизи. Притоа, притисоците од енергетската криза се намалени значително, додека приливот на девизи на менувачкиот пазар во овој период е значително повисок од очекувањата. Воедно, на девизниот пазар видливи се и одредени позитивни поместувања во однос на побарувачката на девизи од страна на домашните физички лица, што укажува на постепено стабилизирање на очекувањата и довербата на домашните субјекти, велат од Народната банка.

На вчерашната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика разгледани се најновите податоци за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и домашните финансиски пазари при што е оценето дека ризиците за целокупниот макроекономски контекст и натаму се изразени и дека главен ризик и понатаму претставува неизвесноста предизвикана од глобалните геополитички тензии и нивното влијание врз цените и економската активност во глобални рамки.

Најновите податоци за инфлацијата покажуваат просечна инфлација од 10,9% во периодот јануари – јули, при што три четвртини од овој раст се објаснува со растечките цени на храната и енергијата.

– Оттука, динамиката на инфлацијата и натаму главно е одраз на фактори на страната на понудата, односно на порастот на увозните цени на храната и енергијата, вклучително и на домашната цена на електрична енергија, која е под влијание на случувањата во глобалниот пазар на енергија. Сепак, со оглед на долготрајноста на овие трендови, ваквите притисоци брзо се прелеваат врз цените и на останатите производи и услуги и дополнително ги подгреваат инфлациските очекувања, што упатува на потребата од водење претпазливи домашни политики. Сепак, месечната промена на потрошувачките цени покажува одредено забавување, а голем дел од месечниот раст се должи и на донесената одлука за промени во регулираната цена на електричната енергија. Воедно, годишната динамика на базичната инфлација остана стабилна, посочува централната банка.

Најновите очекувања на светските пазари, како што велат од Народната банка, навестуваат постепено стивнување на ценовните притисоци, односно очекувањата за цените на храната се ревидирани надолу, додека кај цените на нафтата се очекува стабилизирање на крајот на годинава, а потоа и нивно намалување.

– Сепак, ризиците на страната на понудата, особено во поглед на идните движења на цените на енергијата и храната и натаму се значително изразени поради воените случувања во Украина, со што останува голема и неизвесноста поврзана со пренесените ефекти врз домашната инфлација, се вели во соопштението.

Девизните резерви се одржуваат во сигурна зона, а податоците за активноста во домашната економија во првиот квартал од 2,4%, како и оцените за понатамошен раст согласно со високофреквентните податоци за периодот април – јунизасега се во согласност со последните очекувања. Во овој период се забележува натамошен, но малку поумерен годишен раст кај индустријата, прометот во вкупната трговија и угостителството, додека активноста во градежништвото во периодот април – мај бележи забавување на падот. Последните податоци покажуваат и понатамошен раст на кредитите и на депозитите.

 

реклама

Во сенка на бруталниот Холанд се раѓа чудо што се чека уште од ерата на Марадона

Read more

Германија има чуден однос кон Украина од почетокот на војната: Што се крие зад тоа?

Read more

The Sun: Јунајтед го најде наследникот на Роналдо

Read more

Кинеските научници на Месечината пронајдоа гориво на иднината

Read more

Македонија

Законот за здруженија и фондации ќе биде објавен на ЕНЕР до крајот на октомври

Read more

Почна протестот против отварањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид

Read more

ПИНА: Над 81 отсто од анкетираните новинарки се соочиле со онлајн вознемирување

Read more

„Независниот“ Реџепи можеби ќе премине во ДУИ

Read more
 

Вести

Законот за здруженија и фондации ќе биде објавен на ЕНЕР до крајот на октомври

Читај повеќе

Почна протестот против отварањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид

Читај повеќе

Путин денеска слави 70 години: Има ли раскол во редовите на неговиот режим?

Читај повеќе

Нобеловата награда за мир ја добија активисти од Русија, Белорусија и Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

„Бела чао“ стана протестна химна: Се пееше во Скопје, се пее во Украина и во Иран

Читај повеќе

ПИНА: Над 81 отсто од анкетираните новинарки се соочиле со онлајн вознемирување

Читај повеќе

„Независниот“ Реџепи можеби ќе премине во ДУИ

Читај повеќе

Германија има чуден однос кон Украина од почетокот на војната: Што се крие зад тоа?

Читај повеќе

Европратениците бараат санкции за убијците на Иранката Махса Амини

Читај повеќе