Свет

Осомничен за исчезнувањето на Кашоги загина во „сомнителна сообраќајка“

18. октомври 2018 - 16:18 | А.С.

Припадник на 15-члениот тим осомничен за исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги загина во сообраќајна несреќа во Саудска Арабија, што според турските медиуми се случила во сомнителни околности.

Мешал Саад ал-Бостани, 31-годишен поручник во Кралските воздухопловни сили на Саудиска Арабија, загинал во „сомнителна сообраќајка“ во Ријад, велат извори на конзервативниот дневен турски весник Yeni Safak кој прв ги објави шокантните детали околу инцидентот за кој Турција тврди дека е убиство, а не исчезнување.

Во извадок од снимка од камерите за надзор на турската полиција, што го објави венсикот Sabah, идентификуван е Бостани како поминува низ аеродромот Ататурк во Истанбул на 2 октомври.

Тој, заедно со уште 14 други саудиски државјани наводно пристигнале и заминал од Турција истиот ден и според турската полиција, го измачувале и убиле Кашоги откако влегол во саудискиот конзулат во Истанбул.

Непотврдената смрт на Бостани веќе поттикна сомнежи дека станува збор за „покривање на трагите“ од страна на оние кои го „оркестрирале исчезнувањето на Кашоги“, пишуваат турските медиуми.

Коментирај