ПРЕМИЕР ЛИГА 2019/20

Остана само името: Ослабениот Јунајтед ги разочара навивачите, си заминуваа од Олд Трафорд среде натпревар

Екипата на Манчестер Јунајтед беше поразена од Барнли на мечот од 24. коло на англиската премиер лига со 2:0.

Јунајтед и овој натпревар го играше без своите најдобри играчи. Пол Погба одамна е повреден, Скот Мектоминеј исто така, а последен кој се повреди беше Маркус Рашфорд кој ќе се врати во тимот дури во финишот на сезоната.

Во ваква ситуација, ослабениот Јунајтед не можеше да му парира на Барнли, па во 39-тата минута беше јасно дека „Црвените ѓаволи“ ќе имаат проблеми на средбата. По еден прекин топката стигна до Вуд и напаѓачот на Барнли со прецизен удар го матираше Де Хеа и го донесе својот тим до водство.

Манчестер Јунајтед во продолжение бараше погодок за израмнување и се обидуваше да стигне до победа и повеќе од потребните три бода, но надежите на домашните навивачи на Олд Трафорд ги уништи Родригез во 56-тата минута кога со еден убав погодок го донесе големото водство на гостите.

Потоа незадоволните навивачи на Манчестер Јунајтед почнаа да го напуштаат стадионот и во таква атмосфера „Црвените ѓаволи“ не успеаја да постигнат ни утешен погодок.

Ова беше прва победа за Барнли на Олд Трафорд по 58 години, а сега само погласно се поставува прашањето дали Оле Гунар Солскјер после ова ќе остане тренер на Манчестер Јунајтед или ќе се бара некој друг да ја врати старата слава на клубот.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Фудбал

Андов прв пат селектираше, на списокот 23 фудбалерки за претстојните квалификации

Read more

Ачерби: Ме напаѓаа како да сум убил некого

Read more

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Read more

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Read more
 

Спорт

Андов прв пат селектираше, на списокот 23 фудбалерки за претстојните квалификации

Читај повеќе

Ачерби: Ме напаѓаа како да сум убил некого

Читај повеќе
  • play_arrow

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Читај повеќе

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе