КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Останаа уште 4 визи за ЕУРО 2024 – под притисок се Италија и Хрватска, Молдавија и Казахстан се надеваат на чудо

Вечерва и утре ќе заврши квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2024 година. За пласман на завршниот турнир, преку квалификациите, останаа уште четири слободни места. Три места ќе бидат пополнети вечерва, а едно во вторник.

Понеделник носи три директни пресметки за пласман.

Италија направи голем чекор кон ЕУРО со убедливата победа над Македонија со 5:2 во петокот. Доволен ѝ е бод против Украина во Леверкузен за да се пласира на завршницата.

Проширувањето на бројот на учесници на ЕУРО може да ѝ овозможи на Молдавија да испише историја. Молдавците имаат само две победи во овој циклус, но и само еден пораз, па им треба само уште еден триумф за да се најдат на местото за кое веројатно не ни сонувале.

Доколку успеат да ги шокираат Чесите во Оломоуц, ќе ѝ се приклучат на албанската селекција во Германија.

На Чесите им е доволен и еден бод за потврда на пласманот на ЕУРО.

Уште една селекција од истокот има шанса да избори неочекуван пласман. На Казахстанците им треба чудо во Љубљана. Словенците со нерешен резултат по пауза од 24 години ќе се пласираат на завршниот турнир.

Вторник ни носи меч за „да се биде или не“, а главната улога ја имаат Хрватите. „Ватрените“ се на чекор до ЕУРО, а за да се најдат таму треба да ја победат Ерменија.

Меѓутоа, доколку Хрватите подлегнат на притисокот во Загреб, Велс би можел да им го одземе второто место.

Сепак, добрата вест за Хрватите е што Велшаните ги чека најдобриот тим во групата, Турција.

Инаку, од осамостојувањето во 1992 година, Хрватска пропушти само едно Европско првенство, она во Белгија и Холандија во 2000 година кога во квалификациите беше во група токму со Македонија и одигра 1:1 во Скопје.

Тагови
реклама

Нови шокантни детали од Ковачки: Безбеден град го лоцирал возилото со кое била киднапирана Вања во Маџари и кај хотелот Палас

Read more

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

10 добри навики на паровите кои остануваат заедно засекогаш

Read more

Фудбал

Заврши есенскиот дел во 1.МФЛ, мешаница на врвот и на дното

Read more

Македонија ЃП бара оставки во Судиската организација

Read more

Ајнтрахт го декласира Баерн – пукна петарда во мрежата на Нојер

Read more

Што се случува во Евертон?

Read more
 

Спорт

Заврши есенскиот дел во 1.МФЛ, мешаница на врвот и на дното

Читај повеќе

Потпишан најголемиот договор во историјата на американскиот спорт

Читај повеќе
  • play_arrow

Лејкерс го освоија НБА купот – МВП трофејот за Леброн Џејмс

Читај повеќе
  • play_arrow

Македонија ЃП бара оставки во Судиската организација

Читај повеќе
  • play_arrow

Ајнтрахт го декласира Баерн – пукна петарда во мрежата на Нојер

Читај повеќе
  • play_arrow

Што се случува во Евертон?

Читај повеќе

Анчелоти: Не ми требаат пари, не би заминал во Саудиска Арабија за 500 милиони евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Fun with Flags со Фримпонг од Леверкузен

Читај повеќе
  • play_arrow

Како се менува рамнотежата на моќ во светскиот фудбал?

Читај повеќе