Останки од „вампир“ пронајдени на детски гробишта во Италија

Почивалиште на „вампир“ беше пронајдено на територија во Италија која им припаѓала на древните Римјани, што укажува на тоа дека оваа цивилизација одржувала ритуали со кои, според археолозите, се обидувале да ги спречат закопаните трупови да се вратат од мртвите.

Телото на 10-годишно дете од засега непознат пол беше пронајдено закопано по принципот на овој древен ритуал, со камен во устата, што археолозите тврдат дека е практика која Римјаните ја користеле за да ги спречат мртвите повторно да оживеат.

Локалците го именуваа како „Вампирот од Луњано“, а доказите собрани од коските-останки сугерираат дека детето било болно од маларија во времето кога умрело.

„Никогаш немам видено нешто слично. Истовремено е морничаво и многу чудно“, вели професорот Дејвид Сорен, археолог на Универзитетот во Аризона.

Овие останки се последното невообичаено откритие кое беше пронајдено во Гробницата за деца, наоѓалиште во кое се закопани телата да десетици деца и каде може да се најдат докази за користење црна магија, древни обреди и ритуали.

Останките веројатно датираат од 5 век кога вирусот маларија се ширел низ Италија и ги покосувал локалните жители, меѓу кои децата и новороденчињата биле најпогодени поради нивното кревко здравје. Токму на местото наречено Гробница за деца се закопани децата на семејствата кои живееле на оваа територија.

Според археолозите, Римјаните им ставале камења во устата на закопаните деца поради страв дека тие некогаш можат да се вратат од мртвите и да ја прошират заразата. Бидејќи древните Римјани сметале дека заразата може да се прошири преку каснување, тие ги сметале овие деца за вампири и им забивале камен во устата за да им го попречат патот на нивните заби да стигнат до жртвата.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Свет

ЕУ смета дека Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more
 

Вести

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

ЕУ смета дека Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе