Останките на маж и неговото куче најдени во стан осум години по смртта

Пензиониран пекар починал во неговиот стан пред осум години, а неговото тело случајно беше најдено дури сега, откако избувнал пожар во станбената зграда.

Од Хајнц Х. останале само коските, а до неговите останки најдени се и коските на неговото куче кое најверојатно изгладнело до смрт откако починал сопственикот, во станот во Сенден, западна Германија.

Пожарникарите го нашле мртвиот маж кога на сила влегле во станот како дел од напорите за евакуација на станарите во пожарот што избил во подрумските простории.

Веднаш била отворена истрага и било откриено дека поштенското сандаче на Хајц било преполно, а и неговиот автомобил скапува надвор на паркингот.

Последен пат Хајнц бил виден жив во 2011 година.

Ангелика Хафенер, една од неговите сосетки, изјави дека контактирала со неколку служби откако забележала чуден мирис од станот. Меѓутоа, ниту управникот на зградата, ниту полицијата не сметале дека мириса на мртво тело во распаѓање.

Друг сосед ја убедувал дека Хајнц, кој се разделил од сопругата пред многу години, најверојатно заминал да живее со некој пријател.

„Не заслужи да умре така“, рече Хафенер. „Беше фин човек. Ми рече дека престанал да работи како пекар бидејќи бил алергичен на правта од брашното. Сфатив дека не готви за себе, па понекогаш му носев домашна зготвена храна. Беше навистина добар сосед.“

Истрагата е во тек за да се дознае кога и како точно починал Хајнц и дали има живи роднини.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Чек дис аут

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе