Останува задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија

Белград, 11 јануари 2021 (МИА) – Кризниот штаб на српската Влада за борба против коронавирусот денеска одлучи сите постојни мерки да останат на сила и понатаму, бидејќи е оценето дека тие даваат резултати, јави дописникот на МИА од Белград.

Кризниот штаб ја започна седницата со цел да се разгледаат мерките што беа донесени пред новогодишните празници, кои беа на сила до 10 јануари. Се дискутираше за три клучни теми – мерки за влез во земјата, работа на училиштата и мерки за економијата.

Мерките за влез во Србија остануваат со задолжителниот негативен ПЦР тест за странските државјани или изолација до негативен тест за српските државјани.

Работното време на угостителските објекти останува до 20 часот, а на продавниците до 21 часот.

Второто полугодие во образовниот процес ќе започне на 18 јануари, како што и беше предвидено; а на сила остануваат и претходно утврдените мерки, забрана за собирање на повеќе од пет лица, како и носењето маски во затворени простории.

Во Србија од денеска почна пријавувањето на граѓаните за вакцинација, која се врши електронски преку порталот Е-управа, а од четврток тоа ќе можат да го направат и преку телефонско закажување.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе