Остануваат средства за уште 4.000 апликации за субвенции за инвертери

Скопје, 13 јули 2020 (МИА) –  Околу 1.000 потенцијални загадувачи од претходната грејна сезона оваа зима ќе го сменат начинот на греење, покажуваат бројките на Град Скопје.

Досега, за 10 дена, поднесени се 1.006 апликации за субвенции за инвертери. Доделувањето на субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата е дел од мерките предвидени во Планот за подобрување на квалитетот на воздухот.

Од Градот информираат дека остануваат средства за уште околу 4.000 барања и дека очекуваат значително да се подобри квалитетот на воздухот затоа што директно ќе влијае во борбата против загадениот воздух.

Досега по општини аплицирале: Кисела Вода 200, Ѓорче Петров 166, Гази Баба 136, Бутел 118, Карпош 105, Аеродром 98, Чаир 87, Центар 63, Шуто Оризари 23 и Сарај 10 граѓани.

Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 1 јануари 2020 година, до завршувањето на повикот на 30 ноември 2020 години или до денот на исцрпување на средствата. На граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не поголема од 62.000 денари во нето износ.

Град Скопје ги потсетува граѓаните од сите скопски општини дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, каде што граѓаните може да аплицираат онлајн. Сите информации за повикот, како и формуларите за електронското пријавување ќе ги најдете на следниов линк https://www.surveymonkey.com/r/gradskopje-inverter2020

Согласно со условите, на овој јавен повик може да аплицираат сите граѓани на територија на Град Скопје кои немаат искористено субвенции за затоплување на своето домаќинство од Градот Скопје и кои немаат приклучок или можност за приклучок на централно греење во објектот каде што ќе биде инсталиран уредот.

Набавениот уред потребно е да биде монтиран во објектот со адреса од личната карта на барателот.

Новитет на овој јавен повик е условот граѓаните доброволно да ја достават (без надоместок) постојната печка на дрва, јаглен, нафта или на мазут на локација која дополнително ќе им биде соопштена.

реклама

Колина предлага револуционерно правило кое засекогаш ќе ги промени пеналите

Read more

Песков: Значаен дел од Украина веќе стана дел од Русија

Read more

Приватен авион на музичка ѕвезда удри во друг авион при слетување во Аризона: Има загинати

Read more

ФБИ откри нови тајни документи за атентатот на Џон Кенеди: Ова е огромно

Read more

Македонија

Сите маркети на веб-страниците да ги објавуваат цените на сите производи - предлог на Мицкоски за да се зауздаат цените

Read more

Јаневска: Преку мобилна апликација родителите ќе имаат едноставен увид во образовниот напредок на нивните деца на училиште

Read more

Во конзервираната туна присутна голема концентрација на жива - Чибишев ги повикува надлежните на внимателност

Read more

Македонија бележи пад во борбата против корупцијата, ја дели 88. позиција со Казахстан, Суринам и Виетнам

Read more
 

Вести

Маж оштетил надгробни плочи на гробиштата во Ѓорче Петров

Читај повеќе

Мадам Батерфлај од Џакомо Пучини на 14 февруари на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

Мексиканскиот Залив стана Американски на Google Maps

Читај повеќе

Сите маркети на веб-страниците да ги објавуваат цените на сите производи - предлог на Мицкоски за да се зауздаат цените

Читај повеќе

Јаневска: Преку мобилна апликација родителите ќе имаат едноставен увид во образовниот напредок на нивните деца на училиште

Читај повеќе

Над 900 санкции за сообраќајни прекршоци за еден ден на територијата на целата држава

Читај повеќе

Песков: Значаен дел од Украина веќе стана дел од Русија

Читај повеќе

Во конзервираната туна присутна голема концентрација на жива - Чибишев ги повикува надлежните на внимателност

Читај повеќе

Македонија бележи пад во борбата против корупцијата, ја дели 88. позиција со Казахстан, Суринам и Виетнам

Читај повеќе