Остануваат уште осум ратификации до полноправното членство во НАТО

Скопје, 13 јули 2019 (МИА) – По ратификацијата на протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО што го направија завчера Народното собрание на Република Турција и Парламентот на Чешката Република остануваат уште осум ратификации до полноправното членство во Алијансата.

Ратификацијата на Протоколот во Турција ја потврди на Твитер и шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО Осман Ашкин Бак.

„Големото Народно собрание на Турција го комплетираше ратификацискиот процес на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Како и досега, Турција ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во евроатлантскиот интегративен процес“, напиша Ашкин Бак на Twitter.

Протоколот за членство во НАТО завчера доби зелено светло и во чешкиот Парламент.

„Убедени сме дека пристапувањето на Северна Македонија во НАТО ќе ја зајакне целокупната стабилност и безбедност на Балканот, а во исто време и самата Алијанса“, истакна вицепремиерот Јан Хамачек на ратификацијата на Протоколот.

Досега дваесеттина земји членки го ратификуваа Протоколот и дадоа зелено светло за пристапување на нашата земја во НАТО. Се очекува летово тоа да го сторат и САД, а до крајот на годинава и преостанатите земји созјузници со што Северна Македонија и официјално ќе стане 30-та членка на Северноатлантската алијанса.

Премиерот Зоран Заев вчера оцени дека имаме добри шанси на 3 или 4 декември годинава да добиеме одлука за полноправно членство во најмоќниот безбедносен сојуз на светот.

Тој искажа благодарност до Турција и Чешка за ратификацијата на Протоколот за членство и изрази уверување дека до крајот на следната недела се очекува Велика Британија да информира оти ја завршила ратификацијата, како и дека тоа ќе го стори и Шпанија наскоро, откако ќе се формира Влада и парламентарно мнозинство, со што Парламентот во Мадрид ќе може да гласа за Протоколот.

„Веќе сме со ратификуван договор од 21 земја. Тоа се за нас добри пораки заради тоа што во последните пет-шест месеци ратификацијата се движи со повеќе од посакуваното темпо. Остануваат уште осум земји, верувам дека оваа или до крајот на следната недела Британија ќе не информира дека е истечен рокот од 21 ден и таму ратификацијата е завршена, со што ќе бидат 22. Се надеваме дека Шпанија бргу ќе формира влада и парламентарно мнозинство за да може да гласа, а другите земји веќе не информираа за процедурите и протоколите“, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања при вчерашната посета на археолошкиот локалитет Стоби.

Заев додаде дека министерот за надворешни работи Никола Димитров во скоро време ќе информира за процедурите и постапките во останатите држави каде што се очекува да се случи ратификацијата и оцени дека имаме добри шанси на 3 или 4 декември да добиеме одлука за полноправно членство за НАТО.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе