Остар пад на берзите во вториот квартал, се стравува од рецесија

На светските берзи цените на акциите паднаа минатата недела бидејќи инвеститорите стравуваат дека зголемувањето на каматните стапки од страна на централните банки поради високата инфлација ќе предизвика рецесија, па американскиот индекс S&P 500 забележа најголем пад во првата половина од годината во повеќе од 50 години.

На Волстрит, Dow Jones минатата недела падна за 1,3 отсто, на 31.097 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,2 отсто, на 3.825 поени, а индексот Nasdaq за 4,1 отсто, на 11.127 поени.

Сите три најважни индекси забележаа пад во целиот втор квартал

На најголемата светска берза, сите три најважни индекси забележаа пад во целиот втор квартал, а два квартали последователен пад на S&P 500 и Dow индексот не се забележани од 2015 година.

Во целата прва половина од годината Dow Jones потона за повеќе од 15 отсто, S&P 500 за повеќе од 20 отсто, а Nasdaq индексот за речиси 30 отсто.

Ова е најлошата прва половина од годината за индексот S&P 500 од 1970 година, за Dow Jones од 1962 година, а за Nasdaq најлоша од неговото постоење.

Во првите денови од оваа година, индексите достигнаа рекордни нивоа, исто како и минатата година, благодарение на закрепнувањето на економијата од корона кризата, но набрзо правецот на пазарот е обратен поради ширењето на омикронската варијанта на COVID- 19.

Потоа дојде руската инвазија на Украина, која го наруши пазарот на енергија, суровини и храна и со тоа дополнително го поттикна растот на и онака високата инфлација.

Можна рецесија

Како што инфлацијата во САД го достигна највисокото ниво во последните 40 години, ФЕД одговори со агресивно зголемување на каматните стапки, а многу други централни банки ширум светот го сторија тоа или го објавија истото.

Поради ова секако ќе се забави растот на светската економија, а можна е и рецесија.

Во првиот квартал американската економија падна на квартална основа, а не се одлични ниту макроекономските податоци во вториот квартал.

„Инфлацијата расте од почетокот на годината, додека економскиот раст забавува. ФЕД ги заострува финансиските услови за да ја ограничи инфлацијата и паниката на пазарите. Сепак, мислам дека „меко“ приземјување на економијата е малку веројатно. Ми се чини дека всушност веќе сме паднале во рецесија, а единственото прашање е колку длабока ќе биде таа“, вели Пол Ким, директор во Simplify.

Инфлацијата почнува да влијае на просечниот потрошувач

Речиси сите најнови податоци укажуваат на слабеење на потрошувачката и се уште висока инфлација.

„Податоците почнуваат да покажуваат дека трошењето забавува, се чини дека инфлацијата почнува да влијае на просечниот потрошувач. И тоа може да влијае на корпоративната заработка, главните двигатели на пазарот“, рече Оливер Пурше, потпретседател на Wealthspire Advisors.

И на европските берзи цените на акциите паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,6 отсто, на 7.168 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 2,4 отсто, на 12.813 поени, а париски CAC 2,3 отсто, на 5.931 поени.

На токиската берза, пак, индексот Nikkei падна за 2,1 отсто, на 25.935 поени.

реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе