Остар пад на Волстрит по одлуката на американски ФЕД

Берзанските индекси на Волстрит забележаа остар пад вчера бидејќи инвеститорите се несигурни по одлуката и пораката на американската централна банка за каматните стапки, инфлацијата и растот на стопанството.

Dow Jones се лизна за 1,01 отсто на 30.706 поени, додека S&P 500 падна за 1,13 отсто, на 3.855 поени, а Nasdaq индексот за  0,95 отсто на 11.425 поени.

Остриот пад на цените на акциите е последица на несигурноста на инвеститорите по одлуката и пораката од дводневната седница на централната банка што завршува денеска.

Мнозинството аналитичари очекуваат ФЕД повторно, третпат по ред, да ги зголеми клучните каматни стапки за 0,75 процентни поени, но откако минатата недела податоците покажаа дека во август во САД инфлацијата беше повисока од очекувањата, се шпекулира дека можно е ФЕД да ги зголеми каматните стапки за цел процентен поен.

ФЕД ќе ги ажурира своите проекции

ФЕД, исто така, на оваа седница ќе ги ажурира своите проекции за инфлацијата, невработеноста, растот на стопанството и движењето на каматните стапки.

Инвеститорите вчера ги загрижи и податокот за падот на градежни дозволи за куќи за 10 отсто на 1.517 милиони, што е најниско ниво од јуни 2020 година, што укажува на слабеење на градежните активности.

Меѓу најголемите губитници вчера беа акциите на Ford, со пад на цената од повеќе од 12 отсто. Американската автомобилска компанија соопшти дека високата инфлација ќе ја чини околу една милијарда долари и дека одложила испораки на некои возила за четвртиот квартал поради недостиг на делови.

„Покрај неизвесноста во врска со инфлацијата и каматите, сега берзите се нестабилни и бидејќи компаниите известуваат за притисоците на кои се изложени, што сигурно ќе ги намали нивните маржи. Отатму, можеме да очекуваме намалување на проценките за деловните резултати на компаниите во третиот квартал“, вели Крег Бутл, директор во банката BNP Paribas.

Сепак, инвеститорите најмногу се плашат дека можно е инфлацијата да се задржи на високи нивоа подолго отколку што се очекуваше, што би го принудило ФЕД на заострување на монетарната политика и следната година.

Тоа пак, би можело да го одведе стопанството во уште подлабока рецесија. Технички, американското стопанство веќе е во рецесија, со оглед на тоа дека во последните два квартала забележа пад на квартално ниво, но засега таа рецесија е плитка.

И на европските берзи вчера имаше пад на акциите. Лондонскиот индекс FTSE ослабе за 0,61 отсто на 7.192 поени, додека франкфуртски DAX се лизан за 1,03 отсто на 12.670 поени, а париски CAC за 1,35 отсто на 5.979 поени.

Тагови
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Бизнис

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Read more

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Read more

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Read more

Раст на Волстрит по три дена пад

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе