Остатоците од најголемата кинеска ракета паднаа денеска во Индискиот Океан, а повеќето од нејзините компоненти беа уништени при влегувањето во атмосферата на Земјата, јавија кинеските државни медиуми.
Делови од ракетата Long March 5B влегоа во атмосферата во 10:24 часот по локално време.
„Местото на падот е во Индискиот Океан, југозападно од Индија и Шри Ланка“, соопшти кинеската агенција за вселенски летови.
Во соопштението се додава дека „повеќето остатоци од ракетата изгореа во атмосферата“.