Живот

Остров на кој луѓето се млади на 70 години

21. ноември 2017 - 20:44 | А.С.

Една третина од населението на овој остров има повеќе од 90 години. Заедно со Сардинија во Италија, Окинава во Јапонија, Никоја во Костарика и Лома Линдa во Калифорнија, островот Икарија во Грција е едно од петте места на светот каде луѓето имаат најдолг животен век.

Експертите тврдат дека здравата храна и активниот живот се клучот за долговечноста на жителите на овој остров. Лекарите и антрополозите велат дека исклучително важни се и блиските семејни односи меѓу мештаните.

„Жителите на Икарија се трудат да останат тесно врзани за семејството и соседите, а најстарите луѓе имаат многу важна улога во општеството. Бабите и дедовците често помагаат во воспитувањето на децата и ги водат семејните бизниси“, стои во објаснувањето за проектот за долговечност „Сина зона“.

Кристодуло Ксенакис, доктор во пензија, има теорија дека мештаните на овој грчки остров одбегнуваат непотребно да се нервираат и дека тоа влијае на нивната долговечност.

„Овде никој не договара состаноци“, вели 81-годишниот доктор кој на островот важи за млад човек.

Тој додава дека времето на Икарија е важно, но не начин како што мислат повеќето луѓе.

„Доворите гласат: се гледаме сабајле, попладне, вечер. Не се секираме многу за тоа“, вели Ксенакис.

Мештаните по цел ден се во движење. Потојано се занимаваат со нешто. Често организираат регата трки, а долната старосна граница за капетани е 70 години.

„Тоа не е баш трка. Повеќе е регата што покажува дека уште сме способни“, вели тој и додава:

„Секогаш може да правите нешто во слободно време. А кога правите нешто што ве прави среќен вас и вашите блиски, како да не се чувствувате поздраво и посреќно?“

Коментирај