Осум фатални грешки со кои го уништувате мобилниот и лаптопот

Постојат некои вообичаени, ненамерни грешки кои луѓето ги прават при ракувањето со овие уреди, а со тоа и ги оштетуваат по што животниот век на истите се скратува.

Мобините телефони, лаптопите и компјутерите со секоја нова серија стануваат помоќни, но истовремено и почувствителни.

Честопати станува збор за помали оштетувања што може да се поправат, но понекогаш оштетувањето на сосема нов телефон или лаптоп е толку големо што немате друг избор освен да го фрлите и да земете нов, иако неодамна сте го купиле.

Како што стануваат поскапи, веруваме дека можеби ќе ви бидат корисни неколку совети, за да не го скратите животниот век на вашите уреди.

Избегнувајте ги следните грешки за да ги задржите телефонот, компјутерот и лаптопот да работат што подолго.

1. Внимавајте како ги чистите влезовите

Металните предмети, иглите, ножевите или спајалици може да го изгребат конекторот на телефонот и да создадат поголем проблем. Една од двете најдобри опции за чистење е чепкалка за заби, која е доволно тенка за да влезе во дупката и да ја исчисти целата валкана нечистотија.

Друга опција е воздушен компресор кој може да ја издува целата прашина и остатоци. Избегнувајте да дувате внатре во отворот со устата бидејќи вашиот здив содржи честички вода кои можат да нанесат штета.

2. Не го оставајте телефонот на сонце

Додека се полни, можеби го оставате телефонот на комодата до прозорецот. Исто така, во сончев ден, додека седите во кафуле телефонот ви е на маса.

Екранот ја апсорбира топлината со голема брзина и може да почне да се распаѓа неочекувано брзо. Во најлош случај, вашиот телефон може да се прегрее и да се исклучи за да се заштити.

Исто така, батеријата се полни побавно кога телефонот е изложен на директна сончева светлина.

3. Не чекајте батеријата целосно да се испразни

Од една страна, никогаш не треба да дозволите вашиот телефон да се испразни на нула, а од друга страна, не треба да го поврзувате на полнач ако батеријата е полна над 80%, бидејќи на тој начин батеријата може да се испразни.

Дури и не се препорачува целосно полнење. Производителите на телефони велат дека идеално за телефон е кога батеријата е полна помеѓу 20 и 80%.

4. Не преземајте апликации од непроверени страници

Многу луѓе се обидуваат да преземаат апликации бесплатно, со цел да избегнат плаќање за оригиналните верзии на програмата. Со преземање на овие апликации, телефонските вируси речиси неизбежно се преземаат.

Затоа треба да се држите до официјалните продавници за апликации кои имаат оценки и прегледи за сите апликации. Исто така, проверете дали вашата антивирусна програма е вклучена и работи правилно за да може да открие злонамерен софтвер што се обидува да влезе во вашиот уред.

5. Редовно чистете го вашиот компјутер

Без разлика дали имате лаптоп или компјутер, можеби сте забележале дека со текот на времето, прашината и трошките се заглавуваат во тастатурата. Овој проблем станува уште полош ако имате домашно милениче или ако јадете покрај компјутер.

Исто така, обрнете внимание на вентилаторот за ладење во куќиштето на компјутерот. Погрижете се редовно да ја отстранувате насобраната прашина.

6. Не полнете го телефонот навечер

Производителите на мобилни телефони велат дека е штетно да се остави телефонот да се полни преку ноќ. Тоа е затоа што вашиот телефон ќе престане да се полни кога ќе достигне 100%, а кога ќе достигне 99%, ќе треба да вложи двоен напор за полнење.

Исто така, како што споменавме погоре, повеќето производители велат дека најдобро е телефонот да се наполни до 80%.

7. Не кревајте го лаптопот држејќи го за екранот

Подигнувањето на екранот на лаптопот е лоша идеја и може трајно да го оштети уредот, дури и до тој степен што ќе мора да купите нов. Прекумерниот притисок врз шарките што го поврзуваат екранот со тастатурата може да ги скрши шарките.

Најдобар начин да го подигнете лаптопот е да го фатите со двете раце на страна и нежно да го однесете на рамна површина. Имајте на ум дека држењето на лаптопот на нерамни површини може да доведе до виткање и други оштетувања.

8. Не чистете ги уредите со хемикалии

Хемикалии за домаќинство содржат многу штетни материи, како што е амонијак, кој може да го оштети уредот. За да го исчистите екранот, потребен ви е посебен, наменски производ или едноставно вода и магична крпа.

Само навлажнете ја крпата, добро исцедете ја ако користите вода и нежно тријте ја површината на уредот.

Не притискајте премногу силно на екранот кога чистите, бидејќи тоа може да создаде црни точки. Исто така, во никој случај не користете хартиени крпи бидејќи се премногу груби, па ќе ви го изгребат екранот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Хардвер

Оптички диск од наредната генерација може да собере 14.000 4К филмови

Read more

Xiaomi Pad 6S Pro: Нов таблет во клинч со најдобрите

Read more

Lenovo на MWC ќе претстави проѕирен лаптоп

Read more

Кој доминира на пазарот на графички процесори со вештачка интелигенција?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе