Осум начини како да раскинете без да бидете идиот

Никогаш не е лесно да се раскине врска и најверојатно би дале сѐ само да го одбегнеме тој последен непријатен разговор. Сепак, постојат начини како пристојно да раскинете и кога веќе сте решиле вие да бидете оној кој ја прекинува врската, да не ве паметат по лошо.

Стиснете заби и кажете што имате да кажете. Тоа е најпристојниот и најзрелиот начин да се разделите, иако можеби ќе ви делува многу примамливо да ги искористите можностите на современата технологија само да за го одбегнете разговорот во четири очи. Бидете пристојни кон личноста со која сте биле и ви значела сѐ на светот и постапете човечно, кога веќе сте одлучиле да раскинете.

Не го намамувајте другиот да раскине прв. Немојте да бидете подли и да се однесувате одвратно за да ја натерате другата страна да ви раскине, за да не бидете вие „лошиот“ во приказната. Тоа е дефинитивно една од поужасните работи што може да му ги направите на некој кој сте го сакале и кој ве сакал вас. Подобро е да ги објасните причините зошто сакате да раскинете наместо да го доведете другиот во ситуација да ви раскине бидејќи вие сте се претвориле во личност што не ја препознава.

Немојте да изчезнете. Можеби ви звучи ненормално, ама и исчезнувањето од животот на другиот се користи како „метод на раскинување“, особено ако врската е уште на почеток. Како би ви било вам ако некој едноставно ви исчезне од животот и не дознаете што било тоа што не „штимало“ во врската?

Не раскинувајте преку порака. Можеби на прв поглед ви делува како добра идеја бидејќи имате можност непрекинато да се изјасните кои се вашите причини, но ова е уште еден класичен начин на одбегнување. Без разлика колку време сте биле заедно,  ѝ должите на другата личност барем разговор очи во очи.

Бидете искрени. Кажете ја вистинската причина зошто раскинувате, колку и да звучи банално или страшно. Сигурно и вие би сакале да знаете зошто некој ви раскинува.

НИКОГАШ немојте да вмешувате други луѓе. Без разлика дали сте имале афера што траела Х време, нема потреба да ја спомнувате во раскинувањето. Причината зошто раскинувате не е бидејќи сакате некој друг, туку бидејќи веќе не го сакате човекот со кој сте во врска.

Бидете јасни и одлучни. Или раскинувате или не. Не постои трета опција.

Дозволете му на другиот да биде лут. Можеби ќе има и викање и некој лош збор за крај, но оставете го другиот да каже што има да каже. Можеби раскинувањето му било последното нешто на памет кога сте рекле дека сакате да разговарате.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Читај повеќе

Венеција почнува да наплаќа за влез – казни за оние кои ќе се прават „наудрени“

Читај повеќе