Осум починати од сезонски грип минатата недела

Скопје, 7 март 2019 (МИА) – „Осум лица починале минатата недела како последица од сезонскиот грип“, информираше денеска епидемиологот Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје.

Шест од починатите се на возраст над 60 години, едно е девојче на 12 години и жена на 26 години. Од лицата, кои биле на возраст од 12 до 70 години, пет се од Скопје и по еден од Делчево, Охрид и Кавадарци. Сите починати имале коморбидитетни состојби, најчесто дијабетес, коронарни, хронични опструктивни заболувања.

Епидемиологот Гордана Кузмановска од  Институтот за јавно здравје информираше дека пет смртни случаи се пријавени од Клиничката болница „8 Септември“ од кои четворица минатата недела и еден случај бил пријавен со задоцнување од претходните недели. Две пријави се од Клиниката за инфективни болести и едно од Клиниката за детски болести.

Кузмановска рече дека од регистрираниот број на заболени од грип и заболувања слични на грип кој го достигна врвот пред минатата недела, во текот на последната недела од 25 февруари до 3 март, регистриран е помал број на заболени за 16,5 проценти од претходната недела, односно 2.678 или вкупната бројка од целата сезона која ја опфаќа 2018/2019 година е 15.200 заболени од грип што претставува пониска бројка од вкупниот број заболени од минатата сезона.

-Најголем број од заболените се лица кои припаѓаат на најголемата возрасна група од 15 до 64 години кои опфаќаат повеќе од 60 проценти, појасни Кузмановска.

Во текот на минатата недела во Институтот за јавно здравје биле пристигнати 100 примероци за кои била поставена индикација дека можно е да се болни од грип.

-Од материјалите повеќе од 50 проценти се потврдени како инфлуенца. Вкупната бројка на тестирани во текот на оваа сезона 544 од кои 293 се лабораториски потврдени. Во Македонија од вкупниот број потврдени инфлуенца вируси, најголем процент, скоро 80 проценти се работи за вирусот на инфлуенца тип А од под тип Х1 Н1 што беше пандемски во 2009 во 2010, а сега се смета за сезонски, останатите 11 проценти отпаѓаат на Х3 Н2 грип и околу девет проценти се несуптипизирани. Во моментов воопшто нема потврдено присуство на инфлуенцата на тип Б вирусот во Македонија, истакна Гроздановска.

Според неа, грипот можно е да изненади со нов бран, бидејќи како што рече, вирусот на инфлуенца е подложен на многу надворешни промени во генетската и антигенската структура. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Хроника

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Read more

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе