Осум прекршувања на изборниот молк, најмногу во Скопје

Скопје, 15 јули 2020 (МИА) – За време на предизборниот молк, до 07 часот односно отворање на избирачките места, биле регистрирани осум прекршувања на изборниот молк, од кои шест биле на подрачјето на СВР Скопје и по еден на подрачјето на СВР Струмица – Полициска станица Гевгелија и еден на подрачјето на СВР Велес.

Од МВР соопштија дека на подрачјето на СВР Скопје, во село Виниче и село Љубанци биле забележани закачени знамиња на политичка партија во близина на гласачки места. По интервенција на избирачките одбори знамињата се отстранети.

– Во село Брњарци во близина на избирачко место забележан е плакат на политичка партија, кој бил отстранет од избирачкиот одбор. Во близина на основното училиште „Његош“ (каде што има четири гласачки места) испишани биле графити во врска со изборите. Исто така, во близина на пензионерски дом „Автокоманда“ (каде што има две гласачки места) биле испишани графити во врска со изборите. Биле известени избирачките одбори и во тек е отстранувањето на графитите. Во 06.00 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во дворот на основното училиште „Никола Вапцаров“, во близина на гласачко место биле забележани плакати од политичка партија, кои биле отстранети од избирачкиот одбор. Во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во Богданци биле расфрлани повеќе флаери од политичка партија. Додека, пак во СВР Велес било пријавено дека во близина на избирачко место бр. 2135 имало испишани графити во врска со изборите. Бил извршен увид, се наведува во денешното соопштение од МВР.

Тагови
реклама

Новиот играч на Јувентус полни батерии на Охридското Езеро

Read more

Скопјанец организирал фудбалски турнир непочитувајќи ги мерките за заштита од COVID-19

Read more

Чеферин: Во иднина нема да се повтори Ф8 форматот

Read more

Малку допири, многу уживање: Идеална секс поза за летните денови

Read more

Македонија

Земјотрес регистриран во пехчевското епицентрално подрачје

Read more

Пендаровски: Мое е да го дадам мандатот, на мандатарот е да покаже дека има мнозинство во Собранието

Read more

Од сабота четврта фаза на прскање против комарци

Read more

Корисниците на парични права од социјална и детска заштита клиенти на Еуростандард банка можат да ги подигнат средствата од други банки

Read more

Вести

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Земјотрес регистриран во пехчевското епицентрално подрачје

Читај повеќе

Пендаровски: Мое е да го дадам мандатот, на мандатарот е да покаже дека има мнозинство во Собранието

Читај повеќе

Од сабота четврта фаза на прскање против комарци

Читај повеќе

Израел и Емиратите постигнаа историски мировен договор

Читај повеќе

Најголем дел од новозаболените во Словенија се увезени случаи на COVID-19 од Хрватска

Читај повеќе

Корисниците на парични права од социјална и детска заштита клиенти на Еуростандард банка можат да ги подигнат средствата од други банки

Читај повеќе

Мицкоски: Пендаровски го прекрши Уставот, да каже врз oснова на кои аргументи му го додели мандатот на Заев

Читај повеќе

Поради стечајот на Еуростандард банка од денеска АД „Пошта“ не може да ги обезбеди финансиските услуги

Читај повеќе