Осум причини зошто на мажот не му е дојдено до секс

Досега сте биле убедени дека мажите се ненаситни кога станува збор за секс?

Време е да се едуцирате за машкото здравје и сексуална активност. Мажите исто така може да имаат проблеми со либидото, а причините варираат од психички, физички, до социјални.

Ова се најчестите причини за намалена сексуална желба кај мажите.

1. Машка менопауза

Многу здравствени експерти тврдат: што е менопауза за жените, тоа е андропауза за мажите. Како што стареат мажите, така расте и природно се јавува намалување на сексуалната желба.

Што можете да направите како партнерка? Ако веднаш помисливте на малата сина таблета, тоа можеби не е најдобро решение. Пораката е: не му се лутете на партнерот ако не ви се нафрла веднаш кога ќе ве види во секси долна облека. Немојте да бидете убедени дека вие сте причината - може да има биолошка природа. Наместо да се оддалечувате еден од друг, зборувајте за вашите сексуални чувства и потреби.

2. Порнографија

Зависноста од порнографија може да ја уништи врската. Мажите тогаш престануваат да се потпираат на својата партнерка, барајќи сексуална стимулација на друго место. Истражувањата покажаа дека зависноста од порнографија може да биде иста како и зависноста од кокаин.

Каде е проблемот? Порнографијата ги „разгорува“ нереалните очекувања за тоа како треба да изгледа сексот. И поради ова, мажите се помалку задоволни од своите партнерки. Сепак, треба да се запомни дека обичните жени не се порно актерки.

Иако зависноста од порнографија може значително да го забави закрепнувањето на врската или бракот, ситуацијата не е толку мрачна. Но, важно е да се признае проблемот и да се побара стручна помош.

3. Ниско ниво на тестостерон

Како ќе знаете дали вашиот маж се соочува со овој проблем? Покрај ниското либидо, симптомите на ниско ниво на тестостерон вклучуваат намалена енергија, слабо расположение, замор, губење на мускулна маса, па дури и еректилна дисфункција. Дури 97 проценти од мажите со ниско ниво на тестостерон се соочуваат со последици по нивниот сексуален живот. За среќа, проблемот може да се третира.

4. Недијагностицирана медицинска состојба

Губењето на сексуалниот нагон кај мажите не значи само проблем во спалната соба. Неговото намалено либидо може да укаже на други загрижувачки здравствени проблеми. Многу експерти сметаат дека пенисот е барометар за целокупното здравје на мажите. И ако има проблеми во оваа област, тие можат да укажат на големи здравствени проблеми како што се дијабетес, рак на простата и срцеви заболувања.

Иако губењето на сексуалниот нагон не секогаш значи здравствен проблем, не штети ако му покажете дека сте загрижени за неговата здравствена состојба.

5. Малку бакнување и гушкање

Дали го бакнавте утрово? Го прегрнавте пред да одите на работа? Еве што е „штосот“: неговата незаинтересираност за секс може да биде резултат на недоволно внимание. Ако вашиот маж не се чувствува сакан и ако имате ограничен физички контакт - проблемот е на повидок.

Што можете да направите? Експертите советуваат: почнете со спонтана прегратка или бакнеж. Покрај тоа што ќе го усреќи, ваквата нежност ќе се одрази позитивно и на вашиот сексуален живот.

6. Лоша финансиска состојба

„Не вечерва, мила. Загрижен сум за нашата финансиска состојба". Голема е веројатноста дека нема да го каже тоа на глас, а тоа да е причината за неговата незаинтересираност. Дали загриженоста за вашата финансиска иднина навистина може да се меша со неговото либидо? Се разбира, велат експертите. Мажите под екстремен стрес честопати го губат сексуалниот нагон, но само привремено.

Како можете да помогнете? Јасно е дека не можете да го отстраните изворот на неговиот стрес или да ја претворите финансиската состојба од неповолна во поволна преку ноќ. Но, можете да го охрабрите да направи едноставни промени што ќе го подобрат неговото здравје и либидото. На пример, наместо да ја поминете вечерта со филм и пуканки, предложете заедничка активност.

7. Алергии

Рчење, кивање и кашлање... Алергиите едноставно не се секси. Дури и ново истражување потврди дека кивањето може да влијае негативно на сексуалниот живот. Според резултатите од студијата, дури 83 проценти од луѓето кои страдаат од сезонски или други форми на алергија, чувствуваат намалување на сексуалниот нагон и задоволството. Причината е едноставна: растечениот нос и насолзени очи сигурно не придонесуваат за секси расположение.

Порака? Доколку неговата алергија се влоши, посетата на лекар може да ги излечи симптомите, но и вашиот сексуален живот.

8. Прекумерна мастурбација

Да, зборувањето за мастурбација може да биде непријатна тема. Меѓутоа, ако мастурбира премногу, неговата соло активност може да доведе до помал интерес за секс со вас. Еве зошто: ако мажот многу мастурбира, може да се навикне на поинтензивно ниво на сексуална стимулација, што не може да го добие преку вагинален секс.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Љубов и секс

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Read more

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Read more

Која е просечната неделна доза секс?

Read more

Како сексот може да ви помогне да напредувате на работното место?

Read more
 

Магазин

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе