Кога гледате порно филмови треба да се има предвид дека тие се полни со прилично нереални сцени кои генерално не го прикажуваат сексот во вистинско светло.
Овие порнографски содржини се полни со фантазии што едноставно не се применуваат во реалниот свет.
Ви претставуваме некои од најчестите лаги во порно филмовите.
1. Секоја жена доживува оргазам секојпат
Погрешно. Сосема е нормално да не се доживува кулминација при секој сексуален однос. На крајот, поентата на сексот не е само оргазам. Сексуалниот однос е исто така средство за приближување на партнерот во емотивна смисла, не само физичка, и може да биде одличен начин за интимна врска дури и без оргазам.
2. Сексот мора да трае најмалку половина час
И брзиот секс може да биде одличен. Кога сте одморени и имате време, сексот може да биде задоволство неколку часа, но времетраењето навистина не е важно, се додека двајцата сте задоволни.
3. Жената е секогаш совршено депилирана за секс
Не дозволувајте влакната да бидат пречка за сексот, бидејќи во реалниот живот, повеќето жени не се совршено депилирани во секое време. Честопати се нервираме за влакната на гениталиите затоа што сметаме дека ќе бидеме помалку привлечни за партнерот поради нив, но тие навистина не се грижат за тоа и претежно нема ни да ги забележат.
4. Мисионерската поза е „аут“, камшиците и синџирите се „ин“
Експериментирањето во кревет е секогаш добредојдено, но тоа не значи дека секојпат треба да пробате нешто ново и да бидете диви. Препуштете се на експерименти кога сте расположени за нив, а не со сила. Понекогаш е потребна старата добра мисионерска поза.
5. Добриот секс е многу гласен
(Премногу) гласните стенкања што ги слушаат сите соседи не мора да бидат знак на добар секс. Често се работи за добра глума. Кога уживате во сексот, слободно „покажете“ му го тоа на вашиот партнер, но немојте да мислите дека мора да бидете многу гласни и да го охрабрувате со стенкање секоја секунда. Направете го тоа природно, кога чувствувате потреба за тоа.
6. Секој маж со кој спиете ќе има голем пенис
Кога би ја пресметувале просечната големина на пенисот врз основа на она што го гледаме во порно филмови, ќе излезе дека повеќето мажи се натпросечно надарени. Се разбира, ова е мит, како и претпоставката дека големината на пенисот е клучна за добар секс. Жените исто така знаат дека техниката е она што ги разликува добрите и лошите љубовници, а експертите тврдат дека врската со партнерот е многу поважен фактор од големината на пенисот.
7. Сексот среде работно време во канцеларија е целосно прифатлив
Или секс во ресторан, парк, теретана... Не е примерно да им се препуштате на страстите на јавни места каде што некој сигурно сигурно ќе ве види или барем ќе ве чуе. Плус, во многу земји е противзаконско.
8. Двајцата постојано копнеете по секс
Постојат низа причини зошто понекогаш не сте расположени за секс и тоа е сосема нормално и природно. Затоа, не грижете се ако едниот или двајцата не сте подготвени за секс во секоја доба од денот.