Осум сообраќајки во 24 часа, еден загинат, повеќемина повредени

На локалниот пат с.Палатица – Желино синоќа во 23:00 часот било пријавено дека  се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.И.(23) и мотоцикл „јамаха“, без регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(33), двајцата од тетовското село Палатица.

По незгодата, соопштија денеска од МВР, мотоциклистот бил пренесен во Клиничката болница Тетово, каде што починал. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

На 13.07.2020 во 08:30 часот било пријавено дека во битолското село Егри, патничко возило „форд ка“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Ж.Р. (60) од с.Егри удрило во велосипед, управуван од Б.Р.(84) од с.Егри. Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.

На 13.07.2020 во 18:40 часот било пријавено дека во Тетово, пред Арабати Баба Теќе, патничко возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Л.(20) од Тетово, излетало од коловозот и удрило во бетонски ѕид. Во незгодата, Б.Л. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.

На 13.07.2020 во 17:10 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Бузалково – с.Раштани, Д.Ј. (38) од Велес управувајќи мотоцикл „арора“, со велешки регистарски ознаки, се лизнал и паднал на коловозот. По незгодата, мотоциклистот бил пренесен за укажување на лекарска помош во Општата болница Велес, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес.

На 13.07.2020 во 17:50 часот било пријавено дека на локалниот пат во с.Долно Палчиште се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел вектра“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.А.(20) с.Долно Палчиште и патничко возило „опел корса“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Ш.(49) од истото село. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Џ.Ш., а со телесни повреди се здобил И.А., констатирани во Клиничката болница Тетово, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.

На 13.07.2020 во 17:20 часот било пријавено дека на бул.„Видое Смилески Бато“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.М.(39) од Тетово, удрило во деветгодишен пешак од Скопје. Во незгодата пешкот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

На 13.07.2020 во 11:40 часот на регионалниот пат село Смоквица – с.Прдејци, гевгелиско, П.И.(19) од Гевгелија, управувајќи мотоцикл „јамаха“, со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. По незгодата, мотоциклистот бил пренесен во Медицинскиот центар Гевгелија, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди, а увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

На 13.07.2020 во 07:00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосницата од улиците „Ленинова“ и „4 Јули“ во Струмица се случила сообракајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“, со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(20) од Струмица и патничко возило „рено меган“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.В. (50) од Струмица. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Т.В., констатирани во Медицински центар Струмица, каде била пренесена за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Хроника

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Read more

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Read more

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Read more

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Read more
 

Вести

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе