Најмалку осум средношколци кои биле на алпинистички излет ги однела лавина утрово и се стравува дека се мртви, информираа властите на префектурата Точиги, северно од Токио.
Во несреќата повредени се околу 30 лица, додека не може да се воспостави контакт со тројца наставници кои ги воделе децата.
Шеесетина ученици од седум средни училишта биле на екскурзија, информираат властите на префектурата Точиги.
Лавината се случила во градот НАСУ, околу 120 километри северно од Токио.