Здравје

Осум видови храна што содржат повеќе протеини од јајца

14. јуни 2018 - 21:25 | А.С.

Ако ви треба зголемена доза на протеини во вашата исхрана, а не сакате монотоно да се исхранувате, информирајте се кои видови храна се богати со протеини освен јајцата. Едно варено јајце содржи 6 грама протеини, а овие намирници содржат уште повеќе од оваа материја:

Бадеми

Бадемите се сметаат за храна што е богата со протеини, но исто така е богат избор на витамин Е, бакар и магнезиум.

Овес

Обично се смета дека овесот содржи скриени јаглехидрати, но вушност е многу богат со протеини, растителни влака, витамини, минерали и антиосиданси.

Јапонска соја

Јапонската соја, уште позната и како незрела соја, освен што содржи многу протеини, исто така е одличен извор на железо и калциум.

Сушени семки од тиква

Семките од тиква се познати по тоа дека содржат многу магнезиум, но се одличен извор и на протеини. Додајте ги во вашата омилена салата.

Грчки јогурт

Кога е во прашање опоравувањето на мускулите, немасниот грчки јогурт ви е еден од најдобрите избори на храна за секој ден. Една пластична чаша содржи околу 17 гр. протеини, а само 100 калории.

Сушена спирулина

Рибата не е единствената протеинска храна што доаѓа од океаните и морињата. Додадете ја сушената спирулина во салати, а во прав користете ја во смуди напивки.

Леблебија

Покрај протеини, леблебијата содржи железо, фосфор, калциум, магнезиум, манган, цинк и витамин К, како и сите витамини и минерали што помагаат во градење на поздрави коски.

Тофу сирење

Тофу сирењето ги содржи сите осум есенцијални аминокиселини, а ќе добиете и голема доза магнезиум, бакар, цинк и витамини.

Коментирај