Естонија, Финска, Германија, Грција, Литванија, Холандија, Словенија и Шпанија поднесоа официјална понуда за организација на Европското првенство во кошарка во 2029 година, соопшти Светската кошаркарска федерација (ФИБА).
Четири од споменатите осум земји ќе ја добијат организацијата, а имињата на избраните земји ќе бидат објавени во мај 2025 година.
„Фактот што добивме осум кандидатури сведочи за значајот што го има Европското првенство. Федерациите добро го прифатија форматот со повеќе земји домаќини, не само како двигател на огромен раст на самото натпреварување, туку и како двигател на развој на спортот во секој агол на континентот“, изјави извршниот директор на ФИБА Европа, Камил Новак.
The host candidates for #EuroBasket 2029 have been announced! 🏆
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) December 4, 2024
Словенија во 2013 година беше последната земја која сама го организираше ЕвроБаскетот, а оттогаш почна трендот четири земји да го организираат, така што секоја е домаќин на една од четирите групи со шест репрезентации, а потоа нокаут фазата се игра во една од четирите земји домаќини.
ЕвроБаскетот во 2025 година ќе се игра во Финска, Латвија, Полска и Кипар. Домаќин на нокаут-фазата од осминафиналето ќе биде латвиската престолнина Рига.