Осветлен и раззеленет, стадионот во Прилеп предаден на општината

Фудбалската федерација на Македонија го заврши својот дел од реконструкцијата на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп и ѝ го предаде на општината за понатамошно уредување.

Претставници на ФФМ извршија примопредавање со Општина Прилеп после целосното завршување на инфраструктурните работи на стадионот „Гоце Делчев” кои беа во надлежност на ФФМ. Според договорот, сега стадионот е целосно во надлежност на Општина Прилеп.

ФФМ со средства од „Хет-трик” програмата на УЕФА го финансираше поставувањето на целосно нова тревна подлога (тревни бусени) со модерен дренажен и систем за наводнување, а исто така, многу значајно е тоа што се постави и целосно ново рефлекторско осветлување и сега на стадионот има можност да се одигруваат и натпревари под рефлектори. Функционирањето на рефлекторите беше тестирано од страна на инвеститорите и надзорот, и оценката е дека ги исполнуваат критериумите за одигрување на вечерни натпревари.

Во договорот со Општина Прилеп стои дека општината треба да изгради посебна трафостаница за користење на новото осветлување на стадионот, а љубителите на фудбалот се надеваат дека во многу скоро време општината ќе го заврши својот дел од работите поврзани со трибините и потрибинскиот простор и конечно стадионот ќе го добие својот вистински фудбалски лик.

Овој стадион го користи фудбалскиот клуб Победа, член на втората лига Исток, кој откако ќе се доврши реконструкцијата ќе може да игра и ноќни натпревари. Моментално услови за ноќни натпревари имаат само Работнички и Вардар на „Тоше Проески“ во Скопје, но не ги користат, а има и Брегалница на „Градски“ во Штип која од лани континуирано игра натпревари во вечерните термини овозможувајќи им пријатна атмосфера и на играчите и на публиката. Се очекува наскоро и „Под Тумбе Кафе“ стадионот на Пелистер во Битола исто така да добие услови за ноќни натпревари.

Фото: ФФМ

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе