Освои Златна топка во 1986, а сега е со пушка во ров во Украина

Легендарниот украински фудбалер Игор Беланов е еден од најпознатите спортисти во историјата на таа земја, а сега во тешките времиња го покажа својот патриотизам.

Беланов, кој сега има 61 година, стекна светска слава играјќи за киевски Динамо од 1985 до 1989 година, а круна на кариерата беше освојувањето на Златната топка што му ја додели France Football во 1986 година.

По завршувањето на кариерата остана во родниот град Одеса, а моментално е функционер на Фудбалскиот сојуз на Украина.

Кога избувна војната во Украина, тој престојуваше во Одеса и често ги посетуваше војниците за да ги поддржи во војната против рускиот агресор.

Беланов ја добива Златната топка

На најновата фотографија која беше објавена отиде чекор понатаму и се сликаше во воена униформа со пушка во ров во близина на Одеса и со тоа ги воодушеви своите сонародници.

Покрај Динамо, настапуваше и за СКА и Черноморец од родната Одеса, како и во Германија за Борусија од Менхенгладбах и за Ајнтрахт од Брауншвајг. Кариерата ја заврши во 1997 година во дресот на Металурх од Мариупол.

Беше репрезентативец на СССР за кој одигра 33 напревари и постигна 8 гола. На Мундијалот 1986 во Мексико ѝ даде хет-трик на Белгија, но дури ни тоа не беше доволно за Советите да го минат осминафиналето бидејќи загубија со 3:4 на продолженија. Две години подоцна на ЕУРО 1988 во Западна Германија стигна до финалето каде загуби со 2:0 од златната генерација на Холандија со Гулит, Ван Бастен и Рајкард.

Беланов против Французинот Луис Фернандес на Мундијалот во 1986
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more
 

Спорт

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе