Откако ЕУ одамна ја дрибла: Турција поднесе апликација за приклучување кон БРИКС

Турција поднесе официјална апликација за приклучување кон БРИКС, соопшти Кремљ.

Помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, денеска ја потврди веста, по шпекулациите на неколку медиуми. Ушаков им рече на новинарите дека Анкара „поднела апликација за полноправно членство“ и дека земјите-членки сега ќе ја разгледаат понудата. Претседателот Ердоган ја прифатил и поканата да присуствува на самитот на БРИКС во рускиот град Казан, закажан за октомври.

Турција е првата земја на НАТО што бара членство во БРИКС, потег за кој некои сугерираат дека е делумно поттикнат од несогласувањата меѓу земјите на НАТО околу украинскиот конфликт. Портпаролот на владејачката партија АК на Ердоган рече дека претседателот „неколку пати“ изјавил дека „Турција сака да учествува во сите важни платформи, вклучително и БРИКС“.

Турција е земја-кандидат за членство во Европската Унија уште од април 1987 година, кога Унијата беше Европска економска заедница. Преговорите за полноправно членство ги почна во октомври 2005 година, но од потребните 35 поглавја досега отворени се само 16, а само едно затворено. Од 2016 година преговорите се на статус кво.

Тагови
реклама

Зошто не треба да јадете банани за појадок?

Read more

Како да направите совршено пире од компири?

Read more

Трамп воведува целосна забрана за патување или ограничување за граѓаните од 41 земја

Read more

Решете го проблемот со лошиот здив со помош на две овошја

Read more

Свет

Трамп воведува целосна забрана за патување или ограничување за граѓаните од 41 земја

Read more

Песков до Украинците во Курск: Времето ви истекува

Read more

Убиен лидерот на ИСИС во Ирак и Сирија

Read more

Куба во мрак: Милиони граѓани повторно останаа без струја

Read more
 

Вести

Трамп воведува целосна забрана за патување или ограничување за граѓаните од 41 земја

Читај повеќе

Филипче: Мицкоски не сака реформи, туку судство по своја мерка

Читај повеќе

Приведено лице од скопско поради предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

Читај повеќе

Песков до Украинците во Курск: Времето ви истекува

Читај повеќе
  • play_arrow

Убиен лидерот на ИСИС во Ирак и Сирија

Читај повеќе
  • play_arrow

Автомобил удри во граѓани кои оделе на протест во Белград, има повредени

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде е Вучиќ додека се подготвува најголемиот протест против него?

Читај повеќе
  • play_arrow

Поголема група маскирани лица во црно маршираат низ Белград

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Куба во мрак: Милиони граѓани повторно останаа без струја

Читај повеќе