Откако ѝ се нафрли утринава, Трамп рече дека имал „одлична“ средба со Меркел

Брисел, 11 јули 2018 (МИА) - По утринските остри критики на сметка на Германија, за нејзиното одбивање да троши повеќе за одбрана и за договорот за гасоводот Нордстрим, американскиот претседател Доналд Трамп имаше средба со канцеларката Ангела Меркел за која рече дека била одлична.

„Имавме одлична средба. Разговаравме за трошењето за одбрана, разговаравме за трговијата. Имаме многу, многу добар однос со канцеларката. Имаме одличен однос со Германија“, им рече Трамп на новинарите кои ја проследија неговата средба со Меркел.

На претходната средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, Трамп ги остави медиумите да снимаат неколку минути од разговорот, при што жестоко се нафрли на германското одбивање да троши повеќе за сопствените вооружени сили, да небалансираните трговски односи и пред се за германската зависност од руски гас.

„Ние треба да ја браниме Германија од Русија, а Германија троши милијарди и милијарди долари секоја година за руски гас“, изјави Трамп во неговите директно обраќање кон Меркел.

Меркел за време на нивната заедничка средба кусо порачала дека се работи за можност да се разменат мислења за економските односи како и за иднината на трговските односи на Европската унија и САД.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе