Откако Дубаи чизкејкот ги освои социјалните мрежи, се појавија и други верзии на популарниот десерт. Имено, на TikTok е можно да се најдат голем број рецепти за Дубаи торта.
Оваа верзија на Дубаи торта не се пече, а состојките можете да ги приспособите по ваш вкус. На пример, не мора нужно да користите екстракт од таан или ванила.
Потребни состојки:
за долниот слој:
- 400 гр резанки за кадаиф
- 2 лажици стопен путер
- 1,5 крем од ф'стаци
- 1-2 лажици таан
за белиот слој:
- 500 гр крем сирење
- 150 гр кондензирано млеко
- 200 мл шлаг
- 1 лажичка екстракт од ванила
за чоко преливот:
- 80 гра шлаг
- 200 гр млечно или темно чоколадо
Подготовка:
За почеток, исечкајте ги резанките за кадаиф и во тава измешајте ги заедно со стопениот путер додека тестенините не добијат златна боја и не станат крцкави. Оставете малку да се изладат, па додадете го кремот од ф'стаци и таан и измешајте. Добиената смеса распоредете ја на калап.
Во друг сад ставете крем сирење и кондензирано млеко. Можете да користите маскарпоне или да користите друго крем сирење со неутрален вкус. Изматете го сирењето и млекото додека не се изедначат, а потоа додадете ги шлагот и екстрактот од ванила. Матете додека кремот не стане цврст, па префрлете го во калапот.
Чоколадниот слој се прави така што на кратко се загрева шлагот и се додава чоколадо. Покријте и оставете 5 минути, па мешајте додека смесата не се изедначи. Можете да комбинирате млечно и темно чоколадо. Прелијте го колачот и оставете го во фрижидер најмалку 6 часа. Можете дополнително да го декорирате десертот со крем од ф'стаци или дури и мелени ф'стаци.
@homemade_tasties Viral Dubai Chocolate Cheese Cake✨ Ingredients Bottom layer: 400g Phyllo Dough 2 tbsp butter 1 1/2 cups pistachio paste 1-2 tbsp tahini Cheese Cake layer: 500g Cream Cheese (I used mascarpone room temp) 150g Condensed milk 200ml Double Cream 1 tsp vanilla extract Ganache: 80ml Double Cream 200g milk/dark chocolate ( I used 50/50) Method Start by shredding phyllo dough, add butter to a pan now toss the phyllo dough until golden and crispy. Let cool for a bit then add tahini and pistachio cream, mix well. In a bowl add cream cheese and condensed milk, beat until smooth, then add double cream and vanilla beat until stiff peak. Make the ganache by adding chocolate to hot cream, cover and leave for 5 mins then stir until smooth. Assemble: To an 8’’ pan add the phyllo dough mixture press down with a spoon or cup. Now add cream cheese mixture and finally top with ganache. Refrigerate 6-8 hrs or overnight Garnish with pistachios Follow for more delicous recipes #viraldubaichocolate #dubaichocolate #dubaichocolatecheesecake #nobakecheesecake #cheesecake #nobake #fixchocolate #viral_video #fyp ♬ الصوت الأصلي - عبدالعليم | FM🔹🎧