Отказ за вработен во Централен регистар кој им се заканувал на новинари

Директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска Јанковски донесе Решение за престанок на работниот однос на лицето Емил Јакимовски поради, како што соопштија доцна синоќа од оваа институција, суштествени повреди на одредбите од Колективниот договор на Централниот регистар.

За Јакимовски во изминатиот период имаше објави дека преку интернет упатувал закани кон новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, како и кон директорката на Централниот регистар и вработени во оваа институција.

– Емил Јакимовски ги повредил и прекршил одредбите од неговиот Договор за вработување, според кои, иако вработениот задолжително треба да го чува, сепак не го чувал угледот на работодавачот и не се воздржувал од сите постапки кои со оглед на природата на работата што ја врши се штетни или ги повредуваат интересите на работодавачот, професионално не се однесувал кон другите вработени и странките, не ја респектирал хиерархијата и не се однесувал согласно Кодексот на однесување на работодавачот и пропишаните правила за ред и дисциплина кај работодавачот, соопшти Централниот регистар.

По објавите за заканите од Јакимовски кон новинарките уследија реакции со барања за одговорност од новинарските здруженија и асоцијациии, а техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев побара тие во СВР Скопје да ги пријават случаите и да донесат материјалните докази со цел итно процесуирање во Основното јавно обвинителство.

Претходно од Централниот регистар информираа дека поради нарушување на работниот ред и дисциплина, како и закани кон вработени во оваа институција против Јакимовски е отворена дисциплинска постапка, но оти нема одлука бидејќи тој веќе неколку месеци е на боледување.

Како што соопштија, во изминатиот период во МВР имало повеќе пријави од вработени во Централниот регистар поради закани од истото лице, а пријава поднела и директорката на Централен регистар, Марија Бошковска Јанковски.

Од Централниот регистар вчера соопштија и дека нивната фан страна на социјалната мрежа Facebook е хакирана и замолија содржините кои ќе бидат објавувани од таа страна граѓаните да ги игнорираат, бидејќи како што велат, не се нивен став.

– Фан страната на Facebook, како што информираа, е создадена уште пред 10 години од лицето Емил Јакимовски во времето кога тој бил раководител на Одделението за маркетинг и односи со јавност. Централен регистар се сомнева дека ова лице стои зад постовите кои се појавија на фан страната на социјалната мрежа Facebook во изминатото деноноќие.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе