Откажан карневалот во Струмица

Струмица, 28 февруари 2020 (МИА) – Годинашното издание на меѓународниот Струмички карневал заврши синоќа со одржување на концертот под маски, а останатите содржини што требаше да се одржуваат до 4 март се откажани, потврди за МИА претседателот на Организациониот одбор, Александар Цицимов.

Иако сѐ уште нема официјална одлука на Владата за откажување на настани и собири заради појавата на корона вирусот во државата, организаторите донесоа одлука да не се одржи маскенбалот, интернационалната карневалска вечер и детскиот карневал, како и останатите содржини што беа планирани да се одржат во рамки на годинашните карневалски празнувања.

– Јас го откажав учеството на сите групи кои требаше да дојдат на карневалот. Цела ноќ не сум спиел и некои групи буквално ги враќав од границите. Планирам во текот на денот да одржиме прес-конференција со градоначалникот Коста Јаневски на која ќе соопштиме повеќе детали, рече Цицимов.

Дополнително ќе се утврдат термини во кои ќе се одржат главните манифестации на Струмичкиот карневал.

На интернационалната карневалска вечер, што беше закажана за утре, требаше да учествуваат 46 карневалски групи од земјава и странство со над 1.200 учесници.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе