Откажан традиционалниот карневал во Рио де Жанеиро

МИА/КАЈГАНА
/ 22.01.2021 / 10:06

Градоначалникот на Рио де Жанеиро објави дека оваа година неговиот град нема да го организира светски познатиот карневал, поради пандемијата на COVID-19.

„Никогаш не сум ја криел својата страст кон карневалот и го знам значењето на овој културен настан за нашиот град. Сепак, невозможно е да размислуваме како да го организираме Карневалот во јули во ова време”, напиша Едуардо Паис на Twitter.

Тој притоа вети дека ќе им помогне на сите Бразилци кои работат цела година за да ја организираат оваа огромна прослава. Карневалот во Рио обично се одржува во февруари или март, непосредно пред да започне постот. Во септември минатата 2020 година, училиштата за самба коишто ја организираат парадата, одлучија да го одложат Карневалот за јули годинава, поради пандемијата, образложувајќи дека дотогаш, веројатно, ќе се најдат вакцини.

И покрај почетокот на имунизацијатта во Бразил во неделата, градоначалникот смета дека сѐ уште би било невозможно да се организира најголемиот карневал во светот, кој привлекува милиони луѓе на улиците на Рио секоја година.

По САД, Бразил е на второто место во светот по смртност од коронавирусот, со вкупно над 213.000 смртни случаи.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе