ФОРМУЛА 1 2020

Откажано и Француското ГП, сезоната почнува од Австрија?

Ф1
/ 27.04.2020 / 14:42

Денеска и официјално е донесена одлука дека новата сезона нема да почне од Франција, а од Ф1 излегоа со најава дека нивните надежите паѓаат на Австрија и 5 јули.

Организаторите на Големата награда на Франција денеска потврдија дека трката нема да се одржи оваа сезона. Трката на „Пол Рикар“ патеката во Ле Кастеле беше закажана за 28 јуни, но е дефинитивно откажана откако француските власти донесоа одлука да ги забранат сите големи настани закажани до средината на јули, а воедно и натаму ќе важат и рестрикциите за патувања со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Со ваквите мерки, јасно е дека трката не е можно да се одржи.

Француското ГП е десеттата трка која е откажана или одложена сезонава. Досега откажани беа и онаа во Австралија и Монако, но Австалијците најавија дека можно е да ја закажат за подоцна во годината. Останатите (Бахреин, Виетнам, Кина, Холандија, Шпанија, Азербејџан и Канада) се одложени без дефиниран датум.

По откажувањето на Французите од Ф1 излегоа со соопштение дека нивниот план е сезоната да почне со Големата награда на Австрија закажана за 5 јули.

„Целиме кон почеток на трките во Европа во јули, август и почетокот на септември со тоа што првата трка ќе се вози во Австрија викендот 3-5 јули. Септември, октомври и ноември ќе се вози во Евроазија, Азија и Америка, а сезоната ќе заврши во Заливот во декември со Бахреин пред традиционалното финале во Абу Даби, со што ќе комплетираме помеѓу 15 и 18 трки“, велат од Ф1.

реклама

Чулев: Порастот на заболени е директна последица на фактот дека власта тераше дневен ПР

Read more

Пендаровски: Ќе донесам одлука за нова 14-дневна вонредна состојба

Read more

Минеаполис: Уапсен полицаецот виновен за смртта на Џорџ Флојд

Read more

Wizz Air ќе лета од Скопје за Салцбург од 3 јули

Read more

Ф1

Ништо и од Големата награда на Холандија

Read more

23 мај 1972, роден е Ф1 возачот Рубенс Барикело

Read more

Германците подготвени да го организираат Гран-прито наместо Силверстоун

Read more

Хамилтон: Подобро трки без публика, отколку да нема воопшто

Read more

Спорт

ПСЖ и Интер се договорија за Икарди

Читај повеќе

Гогов: Ништо нема да нѐ запре, Брегалница ќе биде уште посилна

Читај повеќе

„Романтичарите“ негативни на COVID-19, фудбалот се враќа во Дебар Маало

Читај повеќе
  • play_arrow

Холанд нема да игра против Падерборн поради повреда

Читај повеќе

Реал Мадрид стана најскапиот клуб во Европа

Читај повеќе

Лигата на шампиони можно е да се доигра во Германија или во Турција

Читај повеќе

Падна одлука: Серија А почнува на 20 јуни

Читај повеќе

Гаспар: Ако Реал беше лидер, првенството ќе завршеше пред предвиденото

Читај повеќе

Влезот на Коби Брајант во Куќата на славните одложен за 2021

Читај повеќе