Откриен 1.300 м долг тунел: Дали заврши потрагата по гробницата на Клеопатра?

Археолозите наголемо се сомневаат дека новооткриениот тунел под храмот Тапосирис Магна би можел да ги одведе до гробницата на Клеопатра, што доколку навистина се случи ќе претставува досега најголемо археолошко откритие во овој XXI век.

Под древниот египетски храм Тапосирис Магна, или преведено на македонски како „Големите гробници на Озирис“, ископан е тунел за кој постои сомневање дека може да ги одведе истражувачите до одамна изгубената гробница на последниот египетски фараон, Клеопатра. Издлабен во карпа, тунелот е опишан како „геометриско чудо“ кое се протега на повеќе од 1.300 метри и се вели дека личи на прекрасниот тунел Еупалинос на грчкиот остров Самос.

Археологот Кетлин Мартинес од Универзитетот во Сан Доминго објаснува дека повеќе од една деценија била убедена дека Клеопатра и нејзиниот љубовник Марко Антониј биле погребани во гробница која се наоѓа под храмот што таа сега го ископува. Претходно за National Geographic таа изјави: „Клеопатра преговарала со Октавијан за да ѝ дозволи да го погреба Марко Антониј во Египет. Затоа што сакала да биде погребана со него“.

Со други зборови, според старпоегипетските верувања, ова би им освозможило ново среќавање и бесмртен живот. А, најновото откритие на Мартинес говори во прилог на тоа дека нејзините сомнежи можеби и се точни. Тимот кој го пронајде делот од потопениот тунел под наносот од тиња ископал и голом број грнчарија, монети со ликот и името на кралицата Клеопатра и Александар Македонски, бројни обезглавени статуи и правоаголен блок од варовник.

URL
Потомок на генералот на Александар

Клеопатра VII била последната во низата проломејски владетели на независен Египет, чие потекло води до времето на Александар Македонски. Нејзината династија Проломеиди потекнува од основачот на истата, Македонецот Птоломеј I Сотер, еден од генералите на Александар. Бидејќи немала египетска крв, туку македонска, одлучила да се здобие со поддршка така што се прогласила за ќерка на Амон Ра. Меѓутоа, откако се заљубила во Марко Антониј, наводно тајно се омажила за него - иако тој веќе бил оженет. Сето ова резултирало со бесот на Октавијан Август, кој им објавил војна.

По поразот кај Актиум кој во 30 година п.н.е. им го задал Октавијан, Клеопатра одлучила да се затвори во мавзолејот кој имала наредено да се изгради специјално за неа. Античките извори велат дека Марко Антониј бил погрешно известен за нејзината смрт, по што извршил самоубиство. Недолго потоа по него во смрт отишла и Клеопатра и тоа така што дозволила да ја гризне кобра. Октавијан по победата се вратил во татковината каде станал цар на Рим, додека Клеопатра и Антониј биле балсамирани и заедно погребани на непозната локација во Египет.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Вести

Како да ја промените вашата Gmail адреса без да креирате нова сметка?

Read more

8 фасцинантни факти за октоподите

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more
 

Гик

Како да ја промените вашата Gmail адреса без да креирате нова сметка?

Читај повеќе
  • filter

8 фасцинантни факти за октоподите

Читај повеќе
  • play_arrow

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Читај повеќе

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Читај повеќе
  • filter

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Читај повеќе

WhatsApp добива AI chatbot

Читај повеќе

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Читај повеќе

Starlink ќе обезбеди брз интернет на првата приватна вселенска станица

Читај повеќе
  • play_arrow

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Читај повеќе