Откриен изгледот на претстојниот Smart #5

„ПР машината“ на Smart се обидува да генерира внимание и возбуда во јавноста пред претставувањето на својот најголем автомобил досега, моделот #5, а по фотографиите од камуфлираниот прототип, објави и тизер скици од претстојниот теренец, но сè беше „расипано“ од кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија, кое целосно го откри изгледот на моделот пред неговото официјално претставување закажано за 28 август.

Smart #5 е важен модел за Smart има за цел да ги „украде“ клиентите од Model Y на Tesla, најпопуларниот автомобил во светот во 2023 година. Електричниот SUV со два реда има слични пропорции како и Mercedes-Benz GLB, со меѓуоскино растојание од 2.900 милиметри, што значи дека одговара на големината на BMW X3 и Model Y и прави својот помал брат #3 да изгледа како џуџе.

Компанијата објави неколку скици кои покажуваат дека теренецот изгледа многу слично на Concept #5 претставен на саемот за автомобили во Пекинг во април. Некои од скиците покажуваат и LED светла на покривот и кутии за багаж на столбот C, додека масивните тркала се поместени до самиот раб на мускулестите браници. Сепак, како што обично се случува, реалноста не е баш толку возбудлива.

Но, не може да се каже дека #5 изгледа „досадно“. Напротив, изгледа одлично по отстранувањето на камуфлажата и маските. Сè уште нема фотографии од внатрешноста, но во април шпионските фотографии открија дека содржи масивен дигитален екран кој се протега до совозачот, а истиот систем е користен и за концептот.

Во моментов нема ништо официјално за погонот, но кинеското министерство наведува дека ќе има четири опции во понудата. Првите две верзии ќе развиваат 340 и 363 КС и ќе се напојуваат од еден електромотор сместен одзади, кој ќе се напојува од LFP батерија.

Што се однесува до преостанатите две верзии, тие ќе користат NMC батерии и електромотор поставен напред кој испорачува 224 КС, како и заден мотор со 363 или 422 КС. Најмоќниот #5 ќе има 646 КС. При претставувањето на концептот, од Smart споменаа автономија од 549 километри и рекоа дека технологијата од 800 волти овозможува батеријата со капацитет од 100 kWh да се наполни од 10% до 80% за само 15 минути.

Официјалната презентација е закажана за 28 август во Бризбејн, Австралија.

реклама

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Read more

Дали 50.000 „камикази“ доаѓаат на украинскиот фронт?

Read more

Почна крајот на Обединетото Кралство: Шкотска, Велс и Северна Ирска потпишаа меморандум што води кон распад

Read more

Девет земји го одложуваат EES системот: Новите проверки сè уште имаат многу недостатоци

Read more

Авто новости

Porsche Road Show ги спои најновите технологии и страста кон возењето

Read more

Дали станува поевтино да се вози „на струја“?

Read more

BYD гради автопат кон Европа: Нарачани уште 10 бродови за транспорт на над 2 милиона возила

Read more

Volkswagen: Чао, Bugatti!

Read more

Автомобили

  • filter

Porsche Road Show ги спои најновите технологии и страста кон возењето

Читај повеќе

Дали станува поевтино да се вози „на струја“?

Читај повеќе
  • filter

BYD гради автопат кон Европа: Нарачани уште 10 бродови за транспорт на над 2 милиона возила

Читај повеќе
  • filter

Volkswagen: Чао, Bugatti!

Читај повеќе

Што ќе се случи ако овој знак се воведе во Скопје?

Читај повеќе

Дали брендот Ducati прв ќе „лета“ од Volkswagen?

Читај повеќе

Германците масовно купуваат електрични автомобили: Продажбата скокна за 75%

Читај повеќе
  • filter

Пристигна првиот електричен Range Rover: Колку ќе платите за 550 КС и 600 км досег?

Читај повеќе
  • filter

Елитниот настан Porsche x Frauscher го обедини регионот во Порто Монтенегро

Читај повеќе