Откриен нов ковид симптом кој се појавува година дена по заразата

Луѓето кои имале COVID-19 имаат поголем ризик од низа оштетувања на мозокот и ментални пореметувања година дена подоцна во споредба со оние кои никогаш не се заразиле со коронавирусот, откритие кое би можело да влијае на милиони Американци, открија американските научници.

Едногодишното истражување, чии резултати се објавени во списанието Nature Medicine, ја проценувало состојбата на мозокот кај милиони американски ветерани за 44 различни нарушувања користејќи медицинска евиденција без идентификатори на пациентите.

Мозочни и други невролошки пореметувања се појавиле за 7% повеќе кај оние кои биле заразени со ковид во споредба со слична група ветерани кои никогаш не се заразиле.

Пренесено на општата популација тоа значи дека отприлика 6,6 милиони Американци имаат мозочни оштетувања поврзани со инфекцијата од коронавирусот, објави тимот истражувачи.

„Резултатите покажуваат разорни долготрајни ефекти од COVID-19“, вели авторот на истражувањето, д-р Зијад Ал-Али од Медицинскиот факултет при Универзитетот во Вашингтон.

Ал-Али рече дека претходните студии разгледувале помала група на нарушувања и дека воглавно биле намерени кон хоспитализираните пациенти, додека неговата студија ги вклучува и хоспитализираните и нехоспитализираните пациенти.

Нарушувањата со помнењето, кои обично се нарекуваат мозочна магла, биле најчестиот симптом.

Во споредба со контролните групи, луѓето заразени со ковид имале 77% поголем ризик од развој на проблеми со помнењето.

Луѓето заразени со вирусот имале и 50% поголема веројатност да доживеат исхемичен мозочен удар, кој е предизвикан од згрутчување на крвта, во споредба со групата која никогаш не била заразена.

Оние кои имале ковид имале 80% поголема веројатност да добијат изненадни напади како епилепсија, 43% поголема веројатност дека ќе имаат проблеми со менталното здравје, како анксиозност и депресија, 35% поголема веројатност дека ќе имаат главоболки и 42% поголема веројатност дека ќе патат од проблеми со движењето, како треперење, во споредба со контролните групи.

Научниците велат дека владите и здравствените системи мораат да смислат планови за светот после ковидот.

„Со оглед на колосалниот размер на пандемијата, соочувањето со тие предизвици бара итни и координирани - но засега непостоечки - глобални, национални и регионални стратегии за одговор“, додава д-р Ал-Али.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Вести

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе