Откриен нов вид на застрашувачки диносаурус

Моќна вилица, остри заби и огромни канџи, ова праисториско чудовиште го ловело својот плен пред 80 милиони години.

Како би изгледал Llukalkan aliocranianus

Во таа одамна мината доба на диносаурусите, по нашата планета одел и Llukalkan aliocranianus. Во превод од домородниот народ Мапуче, кој живее во Чиле и Аргентина, Llukalkan значи „оној кој создава страв“, додека aliocranianus е латински збор за „необичен череп“.

Диносаурусот бил член на фалимијата Abelisauridae, чии членови биле масивни предатори кои го населувале древниот суперконтинент Гондвана.

Овој новооткриен диносаурус бил долг околу 5 метри и имал необично моќна вилица, многу остри заби, огромни канџи и одличен мирис. Згора на тоа, имал необично краток череп со груби коски.

„Најизразената карактеристика на Llukalkan aliocranianus е малиот заден синус исполнет со воздух во зоната на средното уво кој не е забележан кај никој друг досега откриен абелисаурид“, вели д-р Ариел Мендес, палеонтолог од Патагонскиот институт за геологија и палеонтологија.

„Тоа значи дрка овој диносаурус веројатно на различен начин слушал од останатите абелисауриди. Најверојатно неговиот слух бил сличен, но подобар од денешните крокодили. Ова откритие подразбира дека имал различна адаптација и веројатно поостар слух од останатите абелисауриди“, додава таа.

Фосилизираните остатоци од черепот на Llukalkan aliocranianus пронајдени се во геолошката формација Бахо де ла Карпа во подрачјето на Ла Инвернада во сезерозападниот дел на Патагонија во Аргентина.

Според истражувачкиот тим, древниот грабливец живеел на истата мала површина и во истиот временски период како и Viavenator exxoni, друг вид на абелисаурид откриен исто во Бахо де ла Карпа.

„Ова е особено важно откритие бидејќи сугерира дека разноврсноста и бројот на абелисауриди биле неверојатни, и тоа не само во Патагонија“, рече д-р Федерико Џанекини, палеонтолог од Националниот универзитет во Сент Луис.

Llukalkan aliocranianus по многу особини бил сличен на Viavenator exxoni, со тоа што бил помал, а дупките на черепот низ кои минувале вените му биле поголеми.

Откривањето на Llukalkan aliocranianus е објавено во научен труд минатата недела во списанието Journal of Vertebrate Paleontology кое излегува на два месеца.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Вести

Поради бројни повреди Јапонија официјално го затвори некогаш најбрзиот ролеркостер во светот

Read more

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Read more

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Read more

Заврши историската приватна мисија на Intuitive Machines, лендерот заспа засекогаш

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Поради бројни повреди Јапонија официјално го затвори некогаш најбрзиот ролеркостер во светот

Читај повеќе

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе