Откриен нов вид жаба и именуван по Грета Тунберг

Новооткриениот вид од класата водоземци го доби името по младата шведска активистка за заштита на прородата, Грета Тунберг.

Биолозите од непрофитната еколошка организација Rainforest Trust од источниот дел на Панама открија нов вид на водоземци. Жабата припаѓа на родот Pristimantis, кој вклучува 570 видови. Од нив, само 13 живеат во Панама. Животното го добило името Pristimantis gretathunbergae по активистката Грета Тунберг.

„Грета нѐ потсетува, повеќе од кога било, дека иднината на секој вид на Земјата зависи од она што во моментов го правиме“, велат членовите на тимот научници.

Дождовните шуми во Панама не се доволно истражени, а секоја експедиција се соочува со многу предизвици. Во овој случај, научниците морале да се искачат на планината Серо Чуканти, висока околу 1.500 метри, на коњ и пеш по тесни планински патеки, сето тоа во провинцијата Дариен. Експедицијата ја воделе локалниот биолог Абел Батиста и Швајцарецот Конрад Меберт.

Големината на новооткриениот вид жаба варира во зависност од областа каде што е пронајдена, но женките се секогаш поголеми од мажјаците. Просечно е 21-36 mm за мажјаци и 27-45 mm за женки. Новооткриениот водоземец има карактеристични испакнати црни очи, контрастна светла горна усна, голема глава и конусна туберкула на горниот очен капак.

Живеалиштата се многу фрагментирани, што ја објаснува забележливата разлика во големината на единките. Научниците се убедени дека овој претставник на фауната веќе се соочува со сериозни закани поради уништувањето на шумите и климатските промени.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Вести

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Read more

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more
 

Гик

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе