Компјутерите на Apple важеа за најбезбедни бидејќи се веруваше дека не постои вирус кој може да го нападне нивниот оперативен систем. Дека тоа е минато, знаеме веќе одамна, па и корисниците на Mac сфатија дека антивирус програмите не им помагаат.
Откриен е првиот вирус кој ги напаѓа лаптопите со процесор Apple M1.
Иако од Apple посветија многу вниманиe на безбедноста на новиот процесор, хакерите беа поупорни.
Апликацијата GoSearch22 е добропозната на стручњаците за кибер безбедност бидејќи во себе содржи Pirrit adware кој прикажува различни огласи и собира податоци од интернет пребарувачи. Ова е прв пат овој вирус во потполност да е прилагоден за процесорот М1.